Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Продолжи судењето за „Пулс“: Објавени тајни СМС пораки и вибер комуникации со полициски службеници, инспектори

    Продолжи судењето за „Пулс“: Објавени тајни СМС пораки и вибер комуникации со полициски службеници, инспектори

    06.07.2026 во 13:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тајни СМС пораки и вибер комуникации со полициски началници, инспектори и вработени во секторот економија кои праќале дојави за контроли денеска беа јавно разоткриени во импровизираната судница во затворот „Идризово“.

    Обвинителството презентираше докази од екстракција и анализа на телефонската комуникација од мобилните телефони на првообвинетиот Дејан Јованов Деко и неговиот син Михајло Јованов, во процесот за страшниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ каде згаснаа 63 животи.

    Во судницата се читаа пораки со контакти како што биле запишани во телефонот: Началничка Марија, Цеце, Тодор Јованов, Весна Инспекторка приватен, Лазе Жти, Ацо командант, Магдалена Лиценца, Вики економија и Благица Диско, кои откриваат како сопственикот бил уредно потсетуван и предупредуван.

    Особено драматична е комуникацијата од самиот ден на трагедијата, 16 март 2025 година, кога синот Михаил го известува татко си дека има рација во „Булевар“ од радовишки полицајци кои не се „наши“ и дека ќе дојдат кај нив, по што бара итно празнење на дискотеката од малолетници.

    Родителите на загинатите деца реагираат згрозено по ваквите докази, нагласувајќи дека јавноста за првпат слуша имиња на лица кои имале стотици контакти со сопствениците на „Пулс“ и „Класик“, а кои воопшто не се опфатени во обвинителниот акт.

    Судењето, кое го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а го застапува тим од дури 15 јавни обвинители, продолжува со изведување на градежно вештачење, по што свои докази ќе презентира и одбраната.

    Прочитај повеќе

    Вадете ги чадорите: Утре ќе врне

    19.09.2026 во 13:38

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.