Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проектите

    Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проектите

    06.07.2026 во 13:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Автопатот Скопје – Блаце конечно влегува во клучната фаза на изведба откако денеска беше потпишан договорот за инвестициски грант со кој и дефинитивно се затвора комплетната финансиска конструкција за негова реализација.

    Од свечениот настан беше испратена порака дека разликата меѓу минатото и сегашноста е јасна и видлива, бидејќи државата наместо нови празни зборови има обезбедено средства, избран изведувач и веќе започната реализација на проектот.

    • „Денеска отпочнуваме проект кој што беше најавуван со децении. За мене како претседател на Влада претставува задоволство што наскоро на целата територија на државата ќе се развиваат шест автопатски делници“, порача премиерот Христијан Мицкоски.

    Тој детално ги наброја сите капитални патни правци чијашто реализација ќе се одвива истовремено во следниот период и кои треба да донесат економски пресврт.

    • „Покрај оваа, која што треба да го поврзе главниот град со границата со Косово, односно Блаце, тука се и делниците Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани. Го завршуваме делот од автопатот Кичево-Охрид, потоа Прилеп-Битола, и наскоро очекувам да биде завршена и процедурата која што треба да ги поврзе Букојчани со Кичево. Заедно со оваа автопатска делница, очекувам овие шест автопатски делници во еден момент да се реализираат. Тоа ќе биде голема додадена вредност за македонската економија, нешто кое што за мене претставува исклучително важно и еден од врвните приоритети на оваа Влада“, додаде Мицкоски.

    Премиерот се осврна и на фактот дека овој патен правец долго време беше пример за нереализирани ветувања, нагласувајќи дека новата извршна власт нема намера да бара изговори туку да испорачува резултати.

    • „Овој автопат со години беше симбол на неисполнети ветувања, речиси секоја влада го најавуваше. Секоја пред избори ветуваше дека токму таа ќе го изгради. Денеска разликата е јасна и видлива, наместо нови ветувања имаме обезбедени средства, потпишани договори, избран изведувач и започната реализација и очекувам ако биде сѐ како што треба, со Бога напред, овој или другиот месец да почнеме веќе и со теренските активности. Оваа влада нема намера да биде запаметена по изговори. Сакаме да бидеме запаметени по проекти, автопати, експресни патишта, железници, училишта, болници и инвестиции што ќе останат позади нас. Тоа е нашиот одговор на сите оние кои што со години само ветуваа“, дециден беше премиерот.
    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.