Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Германски експерти и УКИМ во посета на Пелистер за заштита на шумските ресурси

    Германски експерти и УКИМ во посета на Пелистер за заштита на шумските ресурси

    06.07.2026 во 10:211 Min Read
    ЈУНП „Пелистер“ Битола
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Експерти од Хесен Форст – Државната шумарска служба од Хесен, Германија, Научно-истражувачкиот институт за шумарство од Гетинген, Германија, како и од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, остварија работна посета на ЈУ Национален парк „Пелистер“.

    Како што истакна директорот на установата, Иванчо Тошевски, експертите од Гетинген доаѓаат од истата институција во која порано работел германскиот ботаничар Аугуст Гризебах, кој во 1839 година прв ја открил моликата на Пелистер.

    Тошевски посочи дека викенд посетата била во функција на зајакнување на соработката и зачувување на шумските генетски ресурси, како и идентификација на соодветни семенски насади и одржливо обезбедување шумски репродуктивен материјал од молика, македонска ела, дабови и други видови од Македонија.

    Во текот на посетата биле разгледани насадите од молика и македонска ела во Националниот парк „Пелистер“, а претставниците од институциите размениле искуства за мерките за конзервација на шумските генетски ресурси, одгледувачките практики и користењето на репродуктивен материјал од овие видови.

    Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ очекуваат соработката со германските институции да се продлабочи, со можност паркот да стане партнер во идни идни проекти за конзервација, како и за размена на посети со заштитени подрачја во Хесен, Германија.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.