Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен 71-годишник: Се заканувал и ја навредувал неговата 63-годишна сопруга
    • Сопругата на починатиот Игор Југ: Нема да престанеме да бараме правда, оваа голгота удри печат на многу семејства
    • Премиерот Мицкоски оствари средба со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау
    • 21 септември – светски ден на Алцхајмеровата болест
    • Уште едно лице почина од западнонилска треска во Македонија
    • Македонски дилер уапсен во Грција по потерница од Италија
    • Струмичко: Усмртен 47-годишен пешак
    • По тешкиот пораз: Мерц најавува осврт на „темелните прашања“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата направи „парче” во Струмица – 70 санкции, приведени шест возачи

    Полицијата направи „парче” во Струмица – 70 санкции, приведени шест возачи

    06.07.2026 во 10:052 Mins Read
    МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    70 санкции во акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и ПО за СЕО за санкционирање на возачи на мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети, кои не ги почитуваат правилата, шест лица лишени од слобода за „безобѕирно управување”

    На 05.07.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување спроведоа акциска контрола на подрачјето на град Струмица, со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети, кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

    При контролата изречени се вкупно 70 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела. Од нив, една мерка за возач на тротинет, пет мерки за измината важност на сообраќајна дозвола на мотоцикл, 31 мерки за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитен шлем (кацига), три мерки за несоодветна категорија, три мерки за неистакната регистарска таблица итн. Откриени се шест кривични дела, од кои едно малолетно лице, и истите се лишени од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“, Одземен е и еден мотоцикл за измината важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци по член 344 од ЗБСП. За сите сторители изготвени се соодветни поднесоци.

    Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Приведен 71-годишник: Се заканувал и ја навредувал неговата 63-годишна сопруга

    21.09.2026 во 19:46

    Сопругата на починатиот Игор Југ: Нема да престанеме да бараме правда, оваа голгота удри печат на многу семејства

    21.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.