Close Menu
Press24
    Најново

    Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански

    16.09.2026 во 19:48

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Интервентна полиција влезе во Арачиново – Фатен криминалец кој бил во бегство

    16.09.2026 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • САД ја отстранија Венецуела од листата на земји кои не успеваат ефикасно да се борат против трговијата со дрога
    • Ѓорѓиевски: Сериозни технички недостатоци откриени на жичницата на Водно
    • Драма во Струмица со среќен крај: Малолетничка не одговарала на телефон, пожарникарите влегле во станот
    • Рекордни цени на пивото на Октоберфест: Пет пати повисоки отколку во 1985 година
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Генерално собрание на Европската еспорт федерација во Скопје – Ристовски доби Плакета за заслуги од претседателот на ИЕСФ
    • Обвинителството донесе одлука: За Ник Рајнер нема да се бара смртна казна или доживотен затвор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: Поднесовме 47 амандмани за буџетот – Парите да се насочат кон народот

    Левица: Поднесовме 47 амандмани за буџетот – Парите да се насочат кон народот

    06.07.2026 во 09:154 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Пратеничката група на Левица поднесе 47 амандмани кон Ребалансот на Буџетот за 2026 година, со кои бараме суштинска прераспределба на јавните средства кон области што директно го засегаат животот на граѓаните – безбедност, инфраструктура, животна средина, земјоделие, домување, социјална заштита, образование, култура, спорт и институционална отчетност, се вели во соопштението од Левица.

    -Ребалансот што го предлага ДПМНЕ е финансиски неодговорен и политички разголен документ. Наместо да ги коригира слабостите, тој ги продлабочува. Дефицитот се зголемува, задолжувањето станува уште поголемо, а капиталните расходи привидно се прошируваат и покрај катастрофално слабата реализација на веќе планираните проекти. Амандманите на Левица се консолидиран пакет со јасна логика за парите да се пренасочат од непродуктивни и недоволно оправдани расходи кон конкретни јавни потреби. Во насока на контрола, отчетност и рационално користење на јавните ресурси, Левица бара воведување GPS-систем за службените возила, како мерка што треба да стави крај на неодговорниот, расипнички однос кон државниот имот, велат од Левица.

    Во групата за безбедност, Левица предлага средства за противпожарна заштита, реконструкција и опремување на објекти во МВР, инфраструктура во Министерството за одбрана и АРМ, како и за центар за планинска безбедност, маркирање и спасување.

    Третата група се однесува на стратешката инфраструктура и енергетска стабилност. Амандманите за гасификација на ТЕЦ Неготино, Чебрен и хидросистемот Калиманци се насочени кон проекти што имаат долгорочно значење за државата. Во услови на енергетска несигурност и зависност од увозни и приватни интереси, државата мора да инвестира во капацитети што остануваат во јавна полза.

    Четвртата група се однесува на животна средина, санација на еколошки ризици и заштита на природните ресурси. Левица предлага средства за санација на депониите во Кочани, Кратово и Штип, санација на хидројаловиштата во Пробиштип, Македонска Каменица и Кратово, за центар за рециклирање во Дрисла, заштита од шумска сеча во Осоговските и Малешевските Планини, за санација на штети од шумски пожари, фонд за национални паркови и валоризација на природните вредности на Огражден и Кожуф. Овие амандмани се одговор на моделот во кој животната средина се спомнува декларативно, а конкретните жаришта се оставаат да произведуваат здравствени, просторни и економски штети.

    Петтата група се однесува на инфраструктурата. Левица бара средства за канализациски системи и пречистителни станици, за велосипедска инфраструктура и за изградба на државни станови. Овие предлози ја отвораат суштинската разлика меѓу буџет за фасадна политика и буџет за живот.

    Шестата група е насочена кон младите. Левица предлага фондови за млади лица и млади семејства во Штип, Велес и Кочани. Државата не може истовремено да жали за иселувањето и да нема буџетска политика што им создава услови на младите да останат. Прашањето на младите не се решава со кампањски пораки, туку со конкретни мерки за домување, поддршка и предвидлива животна перспектива.

    Седмата група се однесува на земјоделието и безбедноста на храната. Левица бара откупни центри во Кочанско, Светиниколско, Велешко и Струмица, финансиска поддршка за земјоделците и зајакнување на капацитетите на Агенцијата за храна и ветеринарство. Ова е неопходно затоа што земјоделецот со години е оставен меѓу нестабилен откуп, доцни исплати, увозен притисок и институции што реагираат задоцнето или воопшто не реагираат. Без организиран, соодветен и навремен откуп, како и функционален надзор, нема ниту стабилно домашно производство, сигурна храна, ниту пак сериозна аграрна политика.

    Осмата група се однесува на социјалната заштита, заштита на жените жртви на семејно насилство и јавното здравје. Амандманите на Левица се за: национална СОС-линија за жртви на семејно насилство, центри за жртви на сексуално насилство, шелтер-центри и програмата за заштита од ХИВ.

    Деветтата група го опфаќа образованието, науката, спорттот, културата и јавниот медиумски сервис. Левица предлага средства за унапредување на научноистражувачките и високообразовните капацитети, спортски објекти, финансиска поддршка за најдобрите спортисти, поддршка за планинарството и алпинизмот, средства за МРТ, за Управата за заштита на културното наследство и за националните установи – центри за култура.

    -За крај, Левица предлага и отворање Конзулат во Корча и поддршка на македонските заедници во соседните држави преку Агенцијата за иселеништво. Ја повикуваме ДПМНЕ конечно да излезе од погубниот теснопартиски рефлекс и да покаже дека власта не ја разбира како плен. Ребалансот и Буџетот не се документи за инает, пресметки и демонстрација на мнозинска ароганција, тие меѓудругото претставуваат проверка дали власта има зрелост да прифати разумен предлог кога не доаѓа од нејзините редови, а доаѓа од потребите и барањата на граѓаните, велат од Левица во соопштението за јавноста.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Николоски оствари средба со американската амбасадорка Варнс: Потврдена одличната економска соработка и динамика на капиталните проекти

    16.09.2026 во 16:52

    Ѓорѓиевски на Македонско-австрискиот бизнис-форум: Ги реализираме капиталните проекти чекани со децении

    16.09.2026 во 12:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.