Close Menu
Press24
    Најново

    Бесплатна правна помош и пристап до правда: Во Охрид стартува „Летна школа на природно право“

    06.07.2026 во 08:09

    Комисијата расправа за проблемите во примената на Законот за македонскиот јазик

    06.07.2026 во 08:07

    Денеска се потпишува договорот: По години чекање, стартува изградбата на автопатот Скопје–Блаце

    06.07.2026 во 08:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бесплатна правна помош и пристап до правда: Во Охрид стартува „Летна школа на природно право“
    • Комисијата расправа за проблемите во примената на Законот за македонскиот јазик
    • Денеска се потпишува договорот: По години чекање, стартува изградбата на автопатот Скопје–Блаце
    • Ново рочиште за пожарот во „Пулс“: На ред се телефонските комуникации како доказ
    • Трет ден пратениците расправаат за буџетот – Поднесени 224 амандмани, за опозицијата власта го бира лесниот пат
    • Ќе нема струја 7 часа – Исклучувања во повеќе скопски населби
    • Температурите растат, ама невремето не запира – УХМР со лоша прогноза за цела недела
    • Трагедија во Скопје: Младо момче пронајдено починато во својот дом
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бесплатна правна помош и пристап до правда: Во Охрид стартува „Летна школа на природно право“

    Бесплатна правна помош и пристап до правда: Во Охрид стартува „Летна школа на природно право“

    06.07.2026 во 08:091 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и со поддршка на Австриската агенција за развој (АДА), денеска во Охрид ја отвора „Охридската летна школа на природно право“.

    Свеченото отворање ќе се одржи во „Куќата на Уранија“ со почеток во 10 часот.

    На настанот се најавени обраќања на заменик-министерот за правда Ален Деребан, академик Владо Камбовски од МАНУ, заменичката на постојаниот претставник на УНДП во земјава Ана Чернишова, како и Давид Мукенхуберт, раководител на Регионалната канцеларија за техничка соработка на Австриската амбасада.

    Организаторите истакнуваат дека школата има за цел унапредување на знаењата и професионалните капацитети во областа на бесплатната правна помош и пристапот до правда, со посебен фокус на заштита на ранливите категории граѓани.

    Иницијативата се спроведува во рамки на регионалниот проект „EQUALS“, кој има за цел реформирање и унапредување на системот за бесплатна правна помош, во согласност со стандардите на Европската Унија и меѓународното право за човекови права.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Комисијата расправа за проблемите во примената на Законот за македонскиот јазик

    06.07.2026 во 08:07

    Денеска се потпишува договорот: По години чекање, стартува изградбата на автопатот Скопје–Блаце

    06.07.2026 во 08:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.