Close Menu
Press24
    Најново

    Конески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините

    05.07.2026 во 15:25

    Поповиќ: Ребалансот не носи развој, туку нова неизвесност – СДСМ има амандмани за граѓаните

    05.07.2026 во 15:03

    Муцунски од Доха: Потврдена заедничката определба за продлабочување на соработката со Катар

    05.07.2026 во 14:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Конески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините
    • Поповиќ: Ребалансот не носи развој, туку нова неизвесност – СДСМ има амандмани за граѓаните
    • Муцунски од Доха: Потврдена заедничката определба за продлабочување на соработката со Катар
    • Ристовски: Над 153 милиони денари нови инвестиции во спортската инфраструктура
    • Мицкоски: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот
    • СДСМ: Од Мицкоски ништо ново – повторно идеја за изборен грабеж на гласовите од дијаспората
    • Мицкоски: Високата поддршка во анкетите е резултат на работата и реформите
    • Мицкоски: Предвреме вратен е долг од претходната Влада со износ од 700 милиони евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Конески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините

    Конески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините

    05.07.2026 во 15:253 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го става младиот човек во центарот на своите политики и создава услови младите да ја гледаат својата иднина дома, во своите општини, изјави Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Наш приоритет е развојот на локалната самоуправа. Силни општини значат подобри услуги, побрз развој и повеќе можности за секој граѓанин затоа што локалниот развој не може да биде успешен без вклучување на младите, нивното знаење, идеи и енергија.

    Токму затоа Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво -ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка која ќе донесе нов пристап во развојот на општините преку активното учество на младите“, изјави Конески.

    Ова партнерство ќе овозможи јакнење на капацитетите на општините, поголемо вклучување на младите во локалните процеси и примената на современите решенија кои ќе придонесат за поквалитетни услуги за граѓаните, додаде тој.

    „Програмата „Месеци на практикантство“, ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Преку оваа програма, студентите ќе добијат можност своето академско знаење да го применат во пракса, работејќи директно во општините.

    Агенцијата ќе го координира вклучувањето на студентите, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и воспоставениот меморандум за соработка со државните универзитети, ќе ја организира и координира практична работа согласно реалните потреби на општинските администрации“, потенцира Конески.

    „Ова не е само можност за стекнување работно искуство. Ова е можност младите директно да учествуваат во подобрувањето на функционирањето на општините. Нивните идеи, современи знаења и нови пристапи ќе помогнат во унапредување на административните процеси и услугите кои секојдневно ги користат граѓаните.

    Наместо проекти кои остануваат само на хартија, локалните предизвици ќе бидат основа за конкретни повици, а ИНОВА преку своите грант-програми ќе обезбедува финансиска поддршка за стартап компаниите, иновативни бизниси и претприемачите кои ќе понудат практични и применливи решенија.

    Сите програми, јавни повици и можности што ги нуди државата ќе бидат многу подостапни за граѓаните, за младите, за претприемачите и компаниите во сите региони, а не само во главниот град во земјата.

    Со ова се создава врска меѓу локалната самоуправа, академската заедница, иновативниот сектор и приватниот бизнис“, соопшти Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Ова е разликата помеѓу политиката што останува само на ветувања и политиката што носи резултати. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека младите се вистински партнери во градењето на иднината на Македонија.

    Продолжуваме со политики кои ќе ги поврзуваат институциите, ќе ги отвораат можностите за младите и ќе создаваат модерни, развиени и функционални општини. Нашиот пристап е конкретна работа, реални проекти и видливи резултати за секој граѓанин“, потенцира Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Поповиќ: Ребалансот не носи развој, туку нова неизвесност – СДСМ има амандмани за граѓаните

    05.07.2026 во 15:03

    СДСМ: Од Мицкоски ништо ново – повторно идеја за изборен грабеж на гласовите од дијаспората

    05.07.2026 во 13:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.