Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хоџа: Отворениот дијалог за дозволата на УСЈЕ носи конкретни промени и ја враќа довербата на граѓаните

    Хоџа: Отворениот дијалог за дозволата на УСЈЕ носи конкретни промени и ја враќа довербата на граѓаните

    03.07.2026 во 21:331 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ,,Отворениот дијалог за клучните  теми е единствениот начин за градење доверба” – порача министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, по завршувањето на денешната јавна расправа за обнова на А-интегрираната дозвола за цементарницата Титан-УСЈЕ.

    Министерот упати благодарност до граѓаните, еколошките активисти, експертите, медиумите, претставниците на институциите и на компанијата за нивното активно учество во процесот.

    „За да нема понатамошни дилеми, сакам јасно да порачам: Како Министерство за животна средина и просторно планирање, цврсто се заложивме обновената дозвола за УСЈЕ да биде изготвена според условите на новиот Закон за индустриски емисии, кој стапува на сила во септември 2027 година“, потенцираше Хоџа. Со стапувањето на сила на овој закон, ќе важат построги правила подеднакво за сите индустриски субјекти.

    Според Хоџа, крајната цел на МЖСПП не се привремени компромиси, туку трајни решенија за заштита на амбиенталниот воздух и животната средина. ,,Продолжуваме понатаму, кон повисоки, европски стандарди за заштита на животната средина. А тоа најдобро се постигнува со транспарентност и низ процес на дијалог, соработка и со поголема одговорност на сите чинители, во интерес на граѓаните” – истакна Хоџа. 

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.