Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пожарникарите извојуваа победа во Штип и Тетово: Последен пресек на пожарите од ЦУК

    Пожарникарите извојуваа победа во Штип и Тетово: Последен пресек на пожарите од ЦУК

    03.07.2026 во 18:08Updated:03.07.2026 во 18:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По неколкучасовна исцрпувачка битка, противпожарните екипи успеаја целосно да изгаснат пет од вкупно шест големи пожари на отворен простор кои денеска сериозно се закануваа да направат огромна штета низ државата.

    Најкритично во текот на денот беше во Штип и Тетово, каде пламените јазици избувнаа во непосредна близина на индустриски капацитети, стратешки објекти и во самото централно градско подрачје.

    Пожарникарите извојуваа победа кај штипскиот локалитет „Исар“, каде сувата вегетација гореше близу куќите, како и во индустриската зона каде беа загрозени Штипската млекара и фабриката „Албатрос“.

    Огнената стихија е успешно скротена и во Тетово, каде противпожарните тимови спречија катастрофа со тоа што навреме го локализираа пожарот кој избувна кај големите силоси на „Жито Полог“.

    Во моментов, на територијата на целата држава останува активна уште само една сериозна точка во источниот регион, каде пламенот зафати нискостеблеста деградирана шума меѓу неколку села.

    Станува збор за пограничниот појас меѓу општините Чешиново-Облешево и Пробиштип, поточно во атарите на селата Новоселани, Лепопелци, Бучиште и Неокази, каде екипите сѐ уште се на терен.

    „До 18:00 часот на 03.07.2026 година, на територијата на државата се регистрирани 6 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, а 5 се изгаснати. Изгаснати пожари: Општина Штип – с. Чардаклија (ниска вегетација и жито); Општина Штип – с. Стар Караорман (ниска вегетација и стрниште); Општина Штип – местото викано „Исар“; Општина Штип – помеѓу Штипска млекара и М.К. Албатрос; Општина Тетово – кај силосите на Жито Полог“, се наведува во официјалниот извештај.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.