Close Menu
Press24
    Најново

    Избувна трет пожар во Штип – се евакуираат работници

    03.07.2026 во 16:53

    Тројцата скопјани кои претепаа и избодеа малолетник во Ченто заработија кривични

    03.07.2026 во 16:50

    Французин се обидел да пренесе девојка во куфер преку албанската граница

    03.07.2026 во 16:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Избувна трет пожар во Штип – се евакуираат работници
    • Тројцата скопјани кои претепаа и избодеа малолетник во Ченто заработија кривични
    • Французин се обидел да пренесе девојка во куфер преку албанската граница
    • Филипче: Жално е Владата да се фали со 50 милиони евра, Црна Гора доби 3,2 милијарди евра, тоа е успех
    • Семејно насислство во Центар: Ќерка си го натепала својот татко
    • Инцидент во Свети Николе: Тинејџерка заработи кривична пријава, со остар предмет ѝ се заканувала на мајка си
    • Ангелов: Три ер трактори на ДЗС дејствуваат врз пожарот во пробиштипско
    • Филипче: Доведена е во прашање исплатата на пензиите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Избувна трет пожар во Штип – се евакуираат работници

    Избувна трет пожар во Штип – се евакуираат работници

    03.07.2026 во 16:531 Min Read
    ФОТО: Presss24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Трет пожар попладнево изби на територијата на Општина Штип, со што дополнително се засили борбата со огнената стихија во овој регион.

    Новиот оган е лоциран помеѓу објектите на Штипската млекара и текстилната конфекција „Албатрос“, каде што гори сува трева.

    Поради сериозноста на состојбата и ширењето на пламенот, пред половина час беше извршена итна евакуација на текстилните работнички од конфекцијата „Албатрос“.

    На терен во моментов интервенираат екипи на ТППЕ Штип, доброволци од ДПД Штип, полициски службеници и локално население од населбата Каленица.

    Паралелно со ова, пожарникарите успеаја да го локализираат големиот пожар на тврдината Исар, кој претходно сериозно се приближи до куќите во истоимената населба.

    Според тврдењата на очевидци, пожарот кај тврдината Исар започнал по искрење на жица од електричен столб во околината.

    Сериозна материјална штета е регистрирана и во штипското село Чардаклија, каде попладнево целосно изгоре фотоволтаична централа.

    Крај стариот регионален пат, на местото каде што огнот се ширел од фотоволтаичната централа, се уште се забележува тлеење на теренот.

    Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, веќе информираше дека вкупната материјална штета од денешните пожари е голема.

    Прочитај повеќе

    Тројцата скопјани кои претепаа и избодеа малолетник во Ченто заработија кривични

    03.07.2026 во 16:50

    Филипче: Жално е Владата да се фали со 50 милиони евра, Црна Гора доби 3,2 милијарди евра, тоа е успех

    03.07.2026 во 16:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.