Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Доведена е во прашање исплатата на пензиите

    03.07.2026 во 15:34

    Божиновска: Зелената транзиција е најдобра деловна инвестиција за компаниите

    03.07.2026 во 15:30

    Директен судир на патот Штип-Пробиштип, возач бегал од пламените јазици

    03.07.2026 во 15:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Доведена е во прашање исплатата на пензиите
    • Божиновска: Зелената транзиција е најдобра деловна инвестиција за компаниите
    • Директен судир на патот Штип-Пробиштип, возач бегал од пламените јазици
    • Четворица насилници пријавени за 24 часа, ќерка тепала татко, свекор нападнал малолетничка
    • Апсења во Македонија – приведени 23 лица
    • Возеле пијани и без возачка: Уапсени 18 возачи ширум државата, меѓу нив и малолетници
    • Паднаа осум трудови инспектори од Скопје, Кочани и Македонски Брод
    • Божиновска и Ризваноли договорија посилна соработка меѓу Македонија и Косово
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Доведена е во прашање исплатата на пензиите

    Филипче: Доведена е во прашање исплатата на пензиите

    03.07.2026 во 15:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ребалансот на Буџетот отвора сериозни ризици, дупките владата не ги пополнува, во ризик е исплатата на пензиите, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција.

    „Кај пензиите. Парите што се исплаќаат од МТСП кон ПИОМ не се зголемени, а фалат 10 милијарди денари за до крај на годината. Значи, исплатата на пензиите е практично доведена во прашање“, истакна Филипче.

    Тој посочи дека проблемите не се ограничени само на пензискиот систем, туку дека ребалансот покажува сериозни пропусти и во социјалната заштита.

    „Ќе дадам неколку примери во делот на труд и социјала. Има додадено пари кај надоместоци и права од социјална заштита, 2 милијарди денари, заради лошата проекција на основниот буџет. Ама овие пари не се доволни за до крајот на годинава. Ќе фалат уште 3 милијарди да се сервисираат сите обврски. Тоа значи дека оваа година ќе нема покачување на поддршката за социјално ранливите категории“, рече Филипче.

    Филипче истакна дека Владата продолжува да ги крати средствата за развојните политики и стопанството, додека не прави суштински заштеди во сопственото трошење.

    „Нема сериозно кратење на непродуктивни трошоци, нема вистинска рационализација и нема реформи. А граѓаните плаќаат сѐ поголеми сметки, сѐ поскапа храна, едноставно трошоците за живот се сѐ поголеми“, заклучи Филипче.

    Ребалансот е уште една потврда дека Владата целосно ги промашила економските политики.

    „Ребалансот не е план за развој. Ребалансот е практично признание дека оваа влада лошо ја води економијата во земјата. Граѓаните тоа го чувствуваат секојдневно. Повисоки цени, нема раст на платите, стандардот тоне. И тоа е вистинската слика за економските политики на оваа влада“, нагласи Филипче.

    Тој додаде дека, наместо економски раст и подобар животен стандард, граѓаните добиваат повисоки цени, поголем буџетски дефицит и нови задолжувања.

    „Практично се потврдува тоа што го говориме цело време, дека со Мицкоски и оваа група на власт нема ниту економски раст, нема поголеми плати, има само уназадување.

    До крајот на годината, практично ниту еден граѓанин не може да очекува подобрување на животниот стандард, туку напротив влошување, едноставно економијата тоне“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Бранко Героски бара „ново дете“ за СДСМ, а го брани „детето Пеџа“

    03.07.2026 во 12:38

    Муцунски најави засилена поддршка за извозот и нови пазари за домашните компании

    03.07.2026 во 11:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.