Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цената на нафтата продолжува да расте
    • ВРЕДИ: Во ДУИ не се спие мирно, сите стравуваат што може да каже Груби
    • Татко си ја убил својата осумгодишна ќерка – Хорор во Грац
    • ВИДЕО: Исплива снимка од апсењето на убиецот од Ксамил, се криел во гепек
    • Милиони евра и денари завршиле кај него во џеб – Вработен во банка во Македонија осомничен за проневера
    • ФОТО: Ова е синот на Ведрана на кого му забрани да и дојде на погреб – Ќерка и е мистерија
    • ФОТО: 115 средношколци од Скопје заминаа на бесплатен едукативен камп во Охрид
    • Полицијата уапси 11 лица за убиството во Ксамил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски најави итни состаноци со маркетите кои ги зголемиле маржите

    Мицкоски најави итни состаноци со маркетите кои ги зголемиле маржите

    03.07.2026 во 12:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Одредени маркети забележале зголемување на бруто маржата од 2 до 5 отсто во споредба со минатата година, поради што ќе бидат повикани на состанок каде јасно ќе им биде кажано дека тоа е недозволиво. Ова денеска го истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за текот на преговорите со маркетите и намалувањето на цените на храната.

    Премиерот потенцираше дека ваквото однесување нема да се толерира и најави дека параметрите од Државниот пазарен инспекторат ќе бидат јавно објавени за една недела.

    Според него, доколку се скратат овие дополнителни проценти кај трговците, земјава би имала најниска инфлација на европскиот континент.

    Во однос на тековните чекори на извршната власт, Мицкоски појасни дека во тек е и подетална и посложена анализа која опфаќа сериозен број на прехранбени артикли.

    Зад овие најави стои неговата дословна изјава во врска со маржите и инфлацијата:

    „Да, да бидам конкретен со пример – ако минатата година во јуни месец бруто маржата била 10 отсто, сега е 12 или 15 проценти. Тоа се тие дополнителни 2 до 5 проценти и тоа ние нема да го толерираме и многу јасна порака ќе испратиме кон тие. Кога би се намалиле тие 2 до 5 отсто, тогаш практично, ние би биле земја со најниска инфлација во Европа, во овој момент, иако очекувам стабилизирање на инфлацијата во јуни месец, мнопла вредност во споредба со мај и со април“

    Во однос на дополнителните мерки кои се подготвуваат, премиерот го додаде следново:

    „Исто така, ја дефинираме онаа група од 600-700 производи, каде што правиме анализа, таму ќе ни треба малку повеќе време, бидејќи се влезни-излезни фактори, маржа која што ја имаат дистрибутерите и производителите, визави бруто маржа, која што ја имаат ланците маркети. Малку е посложена анализата, лично јас ја работам, така што можеби ќе ни треба малку повеќе време“

    Прочитај повеќе

    Цената на нафтата продолжува да расте

    19.08.2026 во 10:44

    Ќе легнат пари на сметките: Колку ќе изнесува К-15 годинава?

    19.08.2026 во 08:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.