Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Бранко Героски бара „ново дете“ за СДСМ, а го брани „детето Пеџа“

    03.07.2026 во 12:38

    Армијата се модернизира: Мицкоски се заблагодари за донацијата од ЕУ и најави високи инвестиции во одбраната

    03.07.2026 во 12:30

    Реформа во правосудството: Собранието го изгласа новиот Закон за парична постапка

    03.07.2026 во 12:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Бранко Героски бара „ново дете“ за СДСМ, а го брани „детето Пеџа“
    • Армијата се модернизира: Мицкоски се заблагодари за донацијата од ЕУ и најави високи инвестиции во одбраната
    • Реформа во правосудството: Собранието го изгласа новиот Закон за парична постапка
    • Гостиварчанец возел без возачка па направил сообраќајка, полицијата му го одзеде возилото и го приведе
    • Утре сончево со засилен ветер до 60 км/ч, УХМР најавува пресврт од понеделник
    • Муцунски најави засилена поддршка за извозот и нови пазари за домашните компании
    • Лукаревска: СДСМ не е против гласањето на дијаспората, СДСМ е против изборен грабеж
    • Ѓорѓиевски: Решаваме децениски проблем, започна изградба на нова водоводна мрежа во Нерези
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Бранко Героски бара „ново дете“ за СДСМ, а го брани „детето Пеџа“

    СДСМ: Бранко Героски бара „ново дете“ за СДСМ, а го брани „детето Пеџа“

    03.07.2026 во 12:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бранко Героски бара „ново дете“ за СДСМ, велат од СДСМ.

    „Можеби затоа што му е здодевно, или затоа што самиот е здодевен.  

    Можеби затоа што во старите денови се впушти во платени авантури од кои сега не може да излезе. 

    А можеби затоа што сега, заедно со истите оние кои ги бранеше и порано, отворено ја промовира платформата за иднината на Мицкоски. 

    ЗНАМ 2.0, нова верзија на уште еден сателит на ВМРО.

    Сите излегоа од дупките.  Сите сега се видливи.

    Истиот Геро кој денес се претставува како „независен новинар“ и бара „нови лица“ во СДСМ, во своето време го угостил во својот стан началник на БИА, Живаљевиќ. Лик познат и по организираниот упад во Собранието заедно со ВМРО на 27 ми април. 

    Тоа беше дел од истата мрежа на служби.

    Едни имаа задача да упаднат во Собранието и да направат хаос, а други да ја палат американската амбасада. Вистински демократски работи, за „вистински независни новинари“.

    Оваа генерација на стари УДБА “новинари“: Геро, Латас, Ивона и сите нивни соработници е причината зошто со години не се отвораат досиејата на тајните служби.

    Токму тие ја блокираат европската иднина на Македонија, бидејќи отворањето на досиејата би значело и отворање на нивната сопствена улога во системот.

    Тие се досадни. Не затоа што се стари удбаши, туку затоа што се предвидливи.

    Сè уште мислат дека само тие имаат право да живеат и да профитираат во оваа земја. 

    За сите овие години зедоа доволно за себе (станови, куќи, плацеви… хектари). На младите им ја зедоа иднината, на старите им го зедоа достоинството.

    Сега, кога веќе не можат да се кријат зад „независна анализа“, отворено работат на платформата за иднината на Мицкоски и го бранат „детето Пеџа“. Ист платен список. Иста цел.

    Доста е со вашата пропаганда.

    Народот одамна знае: „Лажете за сите пари.“

    Во слободна, демократска и европска Македонија, за вас навистина нема иднина“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Муцунски најави засилена поддршка за извозот и нови пазари за домашните компании

    03.07.2026 во 11:57

    Лукаревска: СДСМ не е против гласањето на дијаспората, СДСМ е против изборен грабеж

    03.07.2026 во 11:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.