Close Menu
Press24
    Најново

    Реформа во правосудството: Собранието го изгласа новиот Закон за парична постапка

    03.07.2026 во 12:22

    Гостиварчанец возел без возачка па направил сообраќајка, полицијата му го одзеде возилото и го приведе

    03.07.2026 во 12:17

    Утре сончево со засилен ветер до 60 км/ч, УХМР најавува пресврт од понеделник

    03.07.2026 во 12:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Реформа во правосудството: Собранието го изгласа новиот Закон за парична постапка
    • Гостиварчанец возел без возачка па направил сообраќајка, полицијата му го одзеде возилото и го приведе
    • Утре сончево со засилен ветер до 60 км/ч, УХМР најавува пресврт од понеделник
    • Муцунски најави засилена поддршка за извозот и нови пазари за домашните компании
    • Лукаревска: СДСМ не е против гласањето на дијаспората, СДСМ е против изборен грабеж
    • Ѓорѓиевски: Решаваме децениски проблем, започна изградба на нова водоводна мрежа во Нерези
    • Општина Битола во силна офанзива: Набавка на електрични велосипеди и комплетна реконструкција на 26 спортски терени
    • Силно невреме ја погоди Романија: Поплавени куќи, оштетени возила и блокиран сообраќај во над 60 населени места
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Реформа во правосудството: Собранието го изгласа новиот Закон за парична постапка

    Реформа во правосудството: Собранието го изгласа новиот Закон за парична постапка

    03.07.2026 во 12:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со 81 глас за, 9 против и ниту еден воздржан ,Собранието го донесе новиот Закон за парнична постапка, кој претставува еден од клучните реформски чекори во насока на унапредување на правосудниот систем и негово усогласување со современите европски стандарди.

    „Со новите законски решенија се создаваат услови за побрзи, поефикасни и поквалитетни судски постапки, како и за поголема правна сигурност и подобра заштита на правата на граѓаните и правните лица.

    Законот предвидува зајакнување на улогата на судот во утврдувањето на фактичката состојба, воведување современи дигитални алатки во работењето на судовите, како и поедноставување и забрзување на постапките, особено кај споровите од помала вредност.

    Меѓу значајните новини е и можноста за електронска достава на писмена и одржување на судски рочишта преку електронски средства, со што дополнително ќе се намалат трошоците и времетраењето на постапките.

    Законот воведува и претставнички тужби за заштита на колективните интереси и права, со што се проширува пристапот до правда и се создаваат нови механизми за правна заштита на граѓаните.

    Воедно, предвидени се поправедни и попропорционални санкции во текот на постапките, а законските решенија се усогласени со останатите системски прописи со цел обезбедување кохерентен, функционален и предвидлив правен систем“, соопшти министерството за правда.

    Министерството за правда продолжува  со спроведување на реформската агенда насочена кон ефикасно судство, владеење на правото и јакнење на довербата на граѓаните во институциите.

    Прочитај повеќе

    Гостиварчанец возел без возачка па направил сообраќајка, полицијата му го одзеде возилото и го приведе

    03.07.2026 во 12:17

    Утре сончево со засилен ветер до 60 км/ч, УХМР најавува пресврт од понеделник

    03.07.2026 во 12:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.