Close Menu
Press24
    Најново

    Лукаревска: СДСМ не е против гласањето на дијаспората, СДСМ е против изборен грабеж

    03.07.2026 во 11:52

    Ѓорѓиевски: Решаваме децениски проблем, започна изградба на нова водоводна мрежа во Нерези

    03.07.2026 во 11:42

    Општина Битола во силна офанзива: Набавка на електрични велосипеди и комплетна реконструкција на 26 спортски терени

    03.07.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лукаревска: СДСМ не е против гласањето на дијаспората, СДСМ е против изборен грабеж
    • Ѓорѓиевски: Решаваме децениски проблем, започна изградба на нова водоводна мрежа во Нерези
    • Општина Битола во силна офанзива: Набавка на електрични велосипеди и комплетна реконструкција на 26 спортски терени
    • Силно невреме ја погоди Романија: Поплавени куќи, оштетени возила и блокиран сообраќај во над 60 населени места
    • Милошоски: Македонија добива највисока оценка од ЕК за реформскиот напредок
    • Преку 30 степени во 11 часот, па силно невреме – УХМР со метео предупредување
    • Планинар падна од 150 метри додека се обидувал да направи фотографија за социјалните мрежи – Хорор го потресе светот
    • Муцунски: Европските стандарди носат нови деловни можности
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукаревска: СДСМ не е против гласањето на дијаспората, СДСМ е против изборен грабеж

    Лукаревска: СДСМ не е против гласањето на дијаспората, СДСМ е против изборен грабеж

    03.07.2026 во 11:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во гостувањето во емисијата „24 Анализа“ рече дека СДСМ нема да дозволи изборен грабеж и нема да поддржи измени на Изборниот законик без јасни законски и безбедносни гаранции. Таа истакна дека предложените измени не смеат да ги загрозат демократските стандарди и интегритетот на изборниот процес.

    „За еден ваков реформски закон, којшто требаше да биде по европски модел, треба да се разговара и за вакви клучни прашања да имаме консензус од сите политички субјекти во општеството. Потребно е ревидирање на членот којшто предвидува електронско гласање на дијаспората без контрола и без механизам на заштита“, рече Лукаревска.

    Таа предупреди дека предложеното решение не содржи основни механизми за заштита на изборниот процес.

    „Таму немаме ниту постапка, ниту безбедност, ниту контролни механизми. Наместо да се донесе закон којшто ќе биде базиран на консензус, сега имаме една комплетна спротивност од сето тоа. Не е само електронското гласање клучната причина поради која поднесовме огромен број амандмани, туку таму има и повеќе други точки коишто се камен на сопнување во рамки на преговарачкиот процес. Не можеме со подзаконски акт да решаваме ваква крупна постапка. Треба најпрвин да се донесе закон за електронско гласање во рамки на Собранието, каде што ќе бидат наведени сите битни сегменти и критериуми за тоа како ќе се одвива целата постапка. Па врз основа на тоа законско решение Државната изборна комисија да донесе подзаконски акти.“, рече Лукаревска.

    Таа нагласи дека СДСМ не е против гласањето на дијаспората, како што сега власта сака да прикаже, затоа што дијаспората и сега гласа, СДСМ е против изборен грабеж и бара безбеден и кредибилен систем.

    „Ние сме за тоа дијаспората да гласа, и таа и сега гласа. Но, на овој начин – не. Треба најпрвин да направиме пилот-проект за успешно да се воведе електронското гласање до 2029 година. Да ги видиме безбедносните критериуми. Да ги видиме независните сервери.“, потенцираше Лукаревска, во „24 Анализа“.

    Прочитај повеќе

    Милошоски: Македонија добива највисока оценка од ЕК за реформскиот напредок

    03.07.2026 во 11:21

    Манасиевски: Стравот од уште поголем пораз на Венко Заев и СДС ги притисна да се противат на електронско гласање на дијаспората

    03.07.2026 во 10:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.