Close Menu
Press24
    Најново

    Општина Битола во силна офанзива: Набавка на електрични велосипеди и комплетна реконструкција на 26 спортски терени

    03.07.2026 во 11:36

    Силно невреме ја погоди Романија: Поплавени куќи, оштетени возила и блокиран сообраќај во над 60 населени места

    03.07.2026 во 11:26

    Милошоски: Македонија добива највисока оценка од ЕК за реформскиот напредок

    03.07.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Општина Битола во силна офанзива: Набавка на електрични велосипеди и комплетна реконструкција на 26 спортски терени
    • Силно невреме ја погоди Романија: Поплавени куќи, оштетени возила и блокиран сообраќај во над 60 населени места
    • Милошоски: Македонија добива највисока оценка од ЕК за реформскиот напредок
    • Преку 30 степени во 11 часот, па силно невреме – УХМР со метео предупредување
    • Планинар падна од 150 метри додека се обидувал да направи фотографија за социјалните мрежи – Хорор го потресе светот
    • Муцунски: Европските стандарди носат нови деловни можности
    • Бизнисот со јасни барања: Отворени граници и борба со корупцијата
    • Манасиевски: Стравот од уште поголем пораз на Венко Заев и СДС ги притисна да се противат на електронско гласање на дијаспората
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Битола во силна офанзива: Набавка на електрични велосипеди и комплетна реконструкција на 26 спортски терени

    Општина Битола во силна офанзива: Набавка на електрични велосипеди и комплетна реконструкција на 26 спортски терени

    03.07.2026 во 11:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот Тони Коњановски и секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, ги продолжија традиционалните месечни средби со новинарите на кои информираа за тековните проекти што ги реализира локалната самоуправа.

    Во фокусот на денешниот состанок беа инфраструктурните инвестиции, изградбата на спортски игралишта и сали, како и претстојниот јавен повик за набавка на електрични велосипеди.

    За оваа намена, општината во рамки на програмата за животна средина издвои буџет од 4,8 милиони денари.

    „Во рамки на програмата за животна средина обезбедивме 4,8 милиони денари за набавка на електрични велосипеди. На овој начин ја потврдуваме тенденцијата Битола да стане вистински вело-град за што изградивме велосипедски патеки. Новите електрични велосипеди ќе се користат врз принципот на изнајмување, преку апликација со симболични цени на изградени велосипедски патеки. На неколку пунктови граѓаните ќе имаат возможност да изнајмуваат велосипеди од сите страни на градот, помалку да користат возила, а повеќе велосипеди и, и тие да придонесуваат за заштитата на животната средина, истакна градоначалникот Коњановски.“

    Коњановски додаде дека во соработка со Владата се изведува и голем проект за обнова на сите спортски терени во училишните дворови.

    „На десет локации се градат 26 спортски игралишта со комплетна опрема, тартан подлога и заштита, оградување и осветлување. Спортските терени кои биле градени во минатиот век, сега ќе бидат целосно со нова спортска опрема и тоа ќе овозможи враќање на спортот како активност, но и одвојување на децата од мобилните телефони, во замена на спортски дух и физичка активност. Овој проект во најголем дел е завршен, а дел од проектите се реализираат затоа што имаме обезбедени средства. Важно е да се истакне дека кај дел од училиштата ќе има и спортски сали кои ќе се наоѓаат во урбаниот и руралниот дел на општината, посочи Коњановски.“

    Локалната самоуправа најави дека наскоро ќе ја пушти во употреба и новата детска градинка кај ОУ „Св. Климент Охридски“.

    Објектот е комплетно опремен, обезбеден е потребниот персонал и во моментов се чека уште формалната согласност од надлежните органи за прием на децата.

    Прочитај повеќе

    Милошоски: Македонија добива највисока оценка од ЕК за реформскиот напредок

    03.07.2026 во 11:21

    Преку 30 степени во 11 часот, па силно невреме – УХМР со метео предупредување

    03.07.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.