Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спремајте потопла облека, следната недела температурите паѓаат
    • УХМР со најнови мерења во 20 часот – Погледнете каде е најладно а каде е најсвежо
    • Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата
    • Филипче: Зошто Мицкоски веднаш не кажа дека се потрошени 5,5 милиони евра, туку се обиде да го скрие тоа и кажа ‘нула денари’?
    • Мицкоски од Атлантскиот совет: Земјава ќе стане енергетска крстосница кон Централна Европа
    • Мицкоски од Атлантскиот совет: Имаме план и го остваруваме
    • Спречен терористички напад во Германија: Уапсен 24-годишник кој планирал масакр
    • Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Стравот од уште поголем пораз на Венко Заев и СДС ги притисна да се противат на електронско гласање на дијаспората

    Манасиевски: Стравот од уште поголем пораз на Венко Заев и СДС ги притисна да се противат на електронско гласање на дијаспората

    03.07.2026 во 10:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ упати сериозни обвинувања до опозициските партии СДС и Левица дека дејствуваат синхронизирано со цел да го кочат и блокираат донесувањето на новиот Изборен законик. На прес-конференција беше посочено дека опозицијата поднела десетици илјади амандмани за решение кое претходно со месеци се усогласувало меѓу партите.

    Портпаролот на владејачката партија, Валентин Манасиевски, изјави дека блокадите доаѓаат како резултат на ниската доверба на опозицијата и стравот од нов изборен пораз.

    ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДС се противи на електронското гласање за иселениците бидејќи токму тие граѓани ја напуштиле земјата поради лошото менаџирање во минатото, додека за Левица велат дека јавно глуми отпор, иако зад сцената прифатила поголемо партиско финансирање за кампањи.

    Партискиот портпарол посочи дека наместо конструктивност за реформските цели и Планот за раст, опозициските лидери избираат опструкција.

    „СДС и Левица, предводени од Венко Заев и Апасиев, настапуваат синхронизирано во обидот да го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик. Со поднесување на десетици илјади амандмани тие го кочат законското решение кое со месеци беше усогласувано со учество на сите политички партии. Стравот од уште поголем пораз на Венко Заев и СДС, ги притисна да се противат на електронско гласање на дијаспората, затоа што токму тие луѓе заминаа од државата поради нивното катастрофално раководење со Македонија. Свесни за исходот, одат против носење на нов Изборен законик – истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски.“

    Од партијата порачуваат дека нивен приоритет останува носењето на квалитетни реформи и обезбедувањето на еднакво избирачко право за сите граѓани во државата и во дијаспората.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19

    Филипче: Зошто Мицкоски веднаш не кажа дека се потрошени 5,5 милиони евра, туку се обиде да го скрие тоа и кажа ‘нула денари’?

    17.09.2026 во 20:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.