Close Menu
Press24
    Најново

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмалку пет Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Газа
    • Ангелов: Пожарот кај прилепското село Чаниште зафати најмалку една куќа и помошен објект, екипите спречија поголема катастрофа
    • (ВИДЕО) Мисајловски: Нека одекне гордоста
    • Стоилковиќ – Колумбиа: Продлабочување на соработката за поддршка на општините
    • Божиновска: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор
    • Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење
    • ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Путин го зголемува бројот на телохранители и забранува рачни часовници во негово присуство

    Путин го зголемува бројот на телохранители и забранува рачни часовници во негово присуство

    02.07.2026 во 22:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Рускиот претседател Владимир Путин нареди зголемување на бројот на вработени во централниот апарат на Федералната служба за заштита (ФСО). Ова е четврти пат Путин да нареди проширување на оваа служба откако ја започна инвазијата на Украина.

    ФСО е директно одговорна за безбедноста на највисоките државни функционери, на претседателот и на неговото семејство, како и на најтесниот круг соработници на Кремљ, објави „Ди Телеграф“.

    Според новиот декрет, максималниот број на вработени во централниот апарат ќе се зголеми од 785 на 812 лица. Пред инвазијата на Украина, овој оддел немаше промени во персоналот речиси 13 години.

    Покрај обезбедувањето на резиденциите и придружбата при патувања, членовите на службата управуваат со државните комуникации, го следат јавното мислење и спроведуваат мерки за информациско војување. Се верува дека целата служба има повеќе од 50.000 вработени.

    Европските разузнавачки агенции проценуваат дека од почетокот на годинава се воведени построги безбедносни протоколи поради заканите од беспилотни летала со долг дострел, како и од можен државен удар или атентат.

    На вработените што работат во непосредна близина на Путин наводно им е забрането да користат мобилни телефони, уреди со интернет и јавен превоз. Извори за Телеграм каналот „Можем Објаснит“ тврдат дека од средината на април на службениците им е наредено да ги отстрануваат дури и рачните часовници во присуство на претседателот.

    Службата во ФСО низ годините се покажа како отскочна штица кон високи политички позиции во Кремљ. Пример за тоа е Алексеј Дјумин, поранешен телохранител на Путин, кој напредуваше до заменик-министер за одбрана, а од 2024 година служи како секретар на Државниот совет.

    И покрај строгите правила, медиумите во минатото открија и безбедносни пропусти. Во 2024 година, новинарите на „Ле Монд“ успеаја да ги следат движењата на рускиот претседател користејќи податоци од фитнес апликацијата „Страва“, која ја користеле дел од вработените во ФСО.

    Овие снимени рути го поврзаа рускиот лидер со два луксузни имоти на Црното Море и во Карелија за кои тој негираше дека ги поседува, а беа откриени и движења на безбедносниот персонал пред тајната средба со Ким Џонг Ун во Благовешченск.

    Прочитај повеќе

    Најмалку пет Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Газа

    17.08.2026 во 21:11

    Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“

    17.08.2026 во 18:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.