Close Menu
Press24
    Најново

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Над 3.000 жртви од топлотниот бран во Европа – наскоро доаѓа нов топлотен бран

    Над 3.000 жртви од топлотниот бран во Европа – наскоро доаѓа нов топлотен бран

    02.07.2026 во 21:303 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шпанија и Франција се подготвуваат за нов бран екстремна топлина што би можел да ги донесе температурите до 44 степени Целзиусови во наредните денови, додека прелиминарните податоци покажуваат дека повеќе од 2.000 луѓе починале во јуни во овие две земји поради високите температури. Во исто време, здравствените власти во Германија проценуваат дека топлината придонела за смртта на повеќе од 800 луѓе од почетокот на годината до крајот на јуни, додека во Холандија минатонеделниот топлотен бран одзеде околу 480 животи повеќе од вообичаеното.

    Националната метеоролошка служба на Шпанија, Аемет, објави дека сув и многу топол воздух ќе пристигне во поголемиот дел од земјата од сабота, со продолжени високи температури, додека во некои делови од југоистокот на земјата живата во термометарот би можела да достигне помеѓу 42 и 44 степени Целзиусови во вторник, објави Гардијан. Портпаролот на Аемет, Рубен дел Кампо, рече дека температурите ќе почнат да растат во текот на викендот и дека не е исклучена можноста за уште еден топлотен бран.

    Според шпанскиот систем за дневно следење на смртноста MoMo, во јуни имало 1.029 смртни случаи повеќе од вообичаеното, кои се поврзани со високите температури. Овој јуни во Шпанија бил втор најтопол во историјата, веднаш зад јуни 2025 година, со просечна температура 3,2 степени Целзиусови над повеќегодишниот просек.

    Француската агенција за јавно здравје соопшти дека 10-дневниот топлотен бран на крајот на јуни предизвикал околу 1.000 дополнителни смртни случаи помеѓу 24 и 28 јуни во споредба со претходните месеци, иако конечниот број на жртви сè уште не е објавен. Француската служба за итна медицинска помош SOS-Medsen соопшти дека забележала зголемување од 85 проценти на смртните случаи кај луѓето над 75 години во последните две недели од јуни.

    Дополнително, министерката за спорт и млади на Франција, Марина Ферари, изјави дека повеќе од 90 смртни случаи од давење се регистрирани во земјата од 19 јуни. Покрај човечките жртви, екстремната топлина ја исуши и вегетацијата во јужна Франција, каде што пожарникарите се борат со неколку шумски пожари, кои се разгоруваат од силни ветрови.

    Германскиот институт Роберт Кох проценува дека високите температури придонела за смртта на 810 луѓе во земјата помеѓу почетокот на годината и 25 јуни, но овие податоци не го вклучуваат екстремниот топлотен бран од минатата недела. Како што објави Дојче Веле, институтот наведува дека само мал број смртни случаи се директно предизвикани од топлотен удар, додека мнозинството се однесуваат на луѓе чија изложеност на високи температури ги влошила постоечките болести.

    Според првичната проценка на Холандскиот национален институт за јавно здравје и животна средина (RIVM), за време на минатонеделниот топлотен бран во Холандија се регистрирани околу 480 смртни случаи повеќе од очекуваното, објавува холандскиот јавен сервис NOS. Наместо проектираните 3.050 смртни случаи, регистрирани се приближно 3.530 смртни случаи, при што најпогодени се лица над 80 години во источните и јужните делови на земјата.

    Научниците предупредуваат дека овој топлотен бран, кој бил најинтензивен и најраспространет во Западна Европа, бил предизвикан исклучиво од климатските промени предизвикани од согорувањето на фосилни горива.

    Прочитај повеќе

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.