Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со најнови мерења во 20 часот – Погледнете каде е најладно а каде е најсвежо
    • Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата
    • Филипче: Зошто Мицкоски веднаш не кажа дека се потрошени 5,5 милиони евра, туку се обиде да го скрие тоа и кажа ‘нула денари’?
    • Мицкоски од Атлантскиот совет: Земјава ќе стане енергетска крстосница кон Централна Европа
    • Мицкоски од Атлантскиот совет: Имаме план и го остваруваме
    • Спречен терористички напад во Германија: Уапсен 24-годишник кој планирал масакр
    • Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени
    • Приведен 34-годишен скопјанец во Аеродром: Управувал со дрон без соодветна дозвола
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски најави нова победа на изборите, па враќање на факултет

    Мицкоски најави нова победа на изборите, па враќање на факултет

    02.07.2026 во 19:572 Mins Read
    Мицкоски Христијан
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вечерва во интервју во централниот дневник на телевизија Сител нагласи дека нема амбиција да се кандидира за претседател на државата. Тој порача дека како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе предводи уште една голема победа над СДС на следните парламентарни избори.

    Мицкоски се осврна на своите идни планови по завршувањето на премиерската функција, испраќајки порака и до своите политички опоненти.

    „Кога ќе завршам со овој дел од мојот живот како претседател на Владата ќе се вратам на факултет кај студентите, јас никогаш не кажав кога тоа ќе се случи, дали за година, пет, десет. Ќе треба овие кои што се уплашени од мене кои што континуирано ги гледам ми претскажуваат некаков крај да се потрудат малку повеќе за тоа да трае малку пократко, а јас пак од друга страна ќе се потрудам малку повеќе за тоа трае подолго. Што подразбира тоа? Тоа подразбира дека планирам убедливо како претседател на ВМРО-ДПМНЕ да предводам кон уште една огромна парламентарна победа во која што задоволен би бил доколку успееме на тие избори да го подобриме резултатот од тој кој што го имаме пред повеќе од две години. Имам уште многу работи да направам и за граѓаните и за државата бидејќи од оваа улога можам точно да видам што е она кое што погрешно било направено изминатите децении. Граѓаните заслужуваат да биде подобро, мотивиран сум и работам како никогаш повеќе во мојот живот. Се обидувам да помогнам на секој еден на кој што можам, бидејќи јас не сум чудотворец и не можам на сите да помогнам и да правам чуда. Но, во рамките на моите можности секогаш се трудам да помогнам и нормално она кое што од мене го очекуваат граѓаните да ја спроведам правдата во рамките на моите ингеренции како претседател на Владата. Така што еве уште еднаш потврдувам дека немам амбиција да бидам претседателски кандидат“, вели Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19

    Филипче: Зошто Мицкоски веднаш не кажа дека се потрошени 5,5 милиони евра, туку се обиде да го скрие тоа и кажа ‘нула денари’?

    17.09.2026 во 20:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.