Close Menu
Press24
    Најново

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
    • Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
    • Тепачка во Батинци: Пет лица нападнале 41-годишен маж и неговиот малолетен син
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Зборот е збор – започнува реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“

    Ѓорѓиевски: Зборот е збор – започнува реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“

    02.07.2026 во 17:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, го најавија почетокот на реконструкцијата на двете клучни сообраќајници во овој дел на Скопје.

    Проектот опфаќа реконструкција на повеќе од 2,2 километри улици, каде ќе биде поставен нов асфалтен коловоз, како и обнова на речиси 4 километри тротоари за пешаците.

    Како клучна фаза од градежните работи се наведува изградбата на нова атмосферска канализација во должина од 1.200 метри и одвојувањето на фекалната од атмосферската мрежа.

    Ѓорѓиевски истакна дека со оваа инвестиција трајно се решаваат долгогодишните проблеми со инфраструктурата кои го отежнуваа секојдневието на жителите.

    „Зборот е збор – започнува реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ во Бутел! Она што со Дарко Костовски го ветивме пред бутелчани, а со години беше едно од најголемите барања на жителите, наскоро станува реалност. Уште едно ветување преминува во дело“, изјави Ѓорѓиевски.

    Тој потенцираше дека новата комунална мрежа значително ќе го намали ризикот од поплавување на улиците, домовите и деловните објекти при обилни врнежи.

    „Реализираме инфраструктурни проекти кои не го менуваат само изгледот на улиците, туку го менуваат квалитетот на животот на граѓаните. Создаваме побезбедни сообраќајници, подобри услови за пешаците и современа комунална инфраструктура каква што бутелчани заслужуваат“, додаде тој.

    Дополнително, најавено е дека во завршна фаза е и изградбата на новиот мега-парк во оваа општина, кој треба да функционира како нова зелена зона во Скопје.

    „За Бутел ме врзуваат многу спомени, но уште повеќе ме врзува обврската да работиме посветено, чесно и со резултати. За Бутел и за Скопје имаме сериозни проекти, јасна визија и силна волја да го подобриме животот на нашиот народ“, порача Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов лик, изградена пешачка патека од 1,5 километри

    17.08.2026 во 14:45

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.