Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска најави казни: Се подготвуваат законски измени, парични санкции за родителите на децата кои вршат насилство

    Јаневска најави казни: Се подготвуваат законски измени, парични санкции за родителите на децата кои вршат насилство

    02.07.2026 во 17:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Врсничкото насилство може да запре само со заеднички ангажман на институциите, наставниците, заедницата, но пред сѐ со поголема грижа и посветеност на родителите во воспитувањето на децата. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на едукативниот панел за родители одржан денеска во општина Гази Баба.

    Министерката се осврна на неодамнешните немили настани и посочи дека насилството е сериозен аларм за целото општество.

    „Последниот случај на врсничко насилство покажа деца со недостиг на емпатија и со изобличени вредности. Едни се изживуваат врз дете, а други стојат настрана, снимаат и се забавуваат, наместо да му помогнат и да го заштитат. Ова насилство е аларм за целото општество. Тоа е плод на недостиг на воспитна врска меѓу родителите и децата“, рече Јаневска.

    Таа најави ригорозен системски одговор кон оваа појава и откри дека веќе разговарала со министерот за внатрешни работи.

    „Одговорност мора да има и за родителите. Разговарав со министерот за внатрешни работи, ќе следат санкции за сите инволвирани и за нивните родители. Најчест причинител на врсничко насилство е семејното насилство и занемарувањето на децата“.

    Во моментов во собраниска процедура се законски измени со кои се предвидуваат парични казни за родителите и старателите на децата кои извршиле врсничко насилство во училиште.

    За надминување на состојбите, Министерството за образование веќе презема низа практични мерки на терен со цел поголема безбедност во објектите.

    Зајакнати се стручните служби во училиштата, вратени се дежурствата на наставниците во ходниците и дворовите за време на одморите, а изработени се и посебни прирачници за справување со физичко и сајбер насилство.

    Дополнително, преку обуки во 30-тина општини, стручните соработници во соработка со МВР и Комората на психолози се обучуваат навреме да препознаат семејно насилство преку однесувањето на учениците.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.