Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 21 септември – светски ден на Алцхајмеровата болест
    • Уште едно лице почина од западнонилска треска во Македонија
    • Македонски дилер уапсен во Грција по потерница од Италија
    • Струмичко: Усмртен 47-годишен пешак
    • По тешкиот пораз: Мерц најавува осврт на „темелните прашања“
    • Петрушевски: Со измени во Закон се забранува пратеник да има двојно државјанство, лагите на СДС се демантираат
    • Син ми ми се заканува – загрижена скопјанка се јавила во полиција
    • 15-годишник со автомобил предизвикал сообраќајка, полицијата приведе тројца малолетници без возачки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: Безбедноста на пациентите не е загрозена, а состојбата е целосно под контрола

    Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: Безбедноста на пациентите не е загрозена, а состојбата е целосно под контрола

    02.07.2026 во 14:233 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во текот на вчерашниот ден, поради невремето и обилните врнежи во Скопје, беше регистрирано протекување на вода на нивото -1 од објектот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, каде што е лоциран Одделот за радиотерапија, информираат од Клиниката. Како превентивна мерка, додаваат, апаратите беа привремено исклучени.

    – По санирањето на протекувањето, просториите беа исчистени и дезинфицирани, а апаратите беа проверени од овластени лица. При проверките не беше утврден никаков дефект. По завршените проверки, радиотерапевтските третмани продолжија кај сите пациенти. Безбедноста на пациентите и персоналот не беше доведена во прашање, а работата на Одделот се одвива согласно предвидените процедури. Во просторијата за пациенти кои примаат терапија со радиоактивен јод беше забележано протекување на вода, по што пациентите беа превентивно и безбедно преместени во друга соодветна просторија на Клиниката, соопшти Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

    Во соопштението се посочува дека в координација со Институтот за нуклеарна медицина и Дирекцијата за радијациона сигурност беа извршени потребните проверки и мерења, кои потврдија дека нема радиоактивна контаминација.
     
    – Безбедноста на пациентите не е загрозена, а состојбата е целосно под контрола, потенцираат од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

    Нагласуваат дека ја разбираат загриженоста на јавноста кога станува збор за безбедноста на онколошките пациенти и здравствените работници.

    – Токму затоа сметаме дека во вакви ситуации е особено важно информациите да бидат точни, проверени и презентирани без непотребно ширење страв кај пациентите и нивните семејства. Во текот на вчерашниот ден, поради невремето и обилните врнежи во Скопје, беше регистрирано протекување на вода на нивото -1 од објектот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Како превентивна мерка, апаратите за радиотерапија беа привремено исклучени, а по санирањето на протекувањето беа извршени чистење, дезинфекција и дополнителни проверки од овластени лица. Не беше утврден дефект на апаратите, по што радиотерапевтските третмани продолжија кај пациентите. Во однос на просторијата каде што се сместуваат пациенти кои примаат терапија со радиоактивен јод, пациентите беа навремено и безбедно преместени во друга соодветна просторија во рамки на Клиниката. Во координација со Институтот за нуклеарна медицина и Дирекцијата за радијациона сигурност беа извршени потребните мерења и проверки, при што не беше утврдена радиоактивна контаминација. Безбедноста на пациентите и персоналот не беше доведена во прашање. Клиниката постапи согласно предвидените безбедносни процедури и во координација со надлежните институции, се прецизира во соопштението.
     
    Ги отфрламе, се додава, сите наводи кои создаваат впечаток дека пациентите биле оставени во небезбедни услови или дека постоела неконтролирана радијациска опасност.

    – Во вакви чувствителни ситуации, особено кога станува збор за тешко болни и имунокомпромитирани пациенти, потребна е одговорност во јавната комуникација, а не дополнително вознемирување на пациентите и нивните семејства. Клиниката останува целосно отворена за соработка со сите надлежни институции и за транспарентно информирање на јавноста, врз основа на факти, стручни проверки и официјални мерења, се потенцира во соопштението

    Прочитај повеќе

    21 септември – светски ден на Алцхајмеровата болест

    21.09.2026 во 18:29

    Уште едно лице почина од западнонилска треска во Македонија

    21.09.2026 во 18:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.