Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Овозможивме подостоинствен живот за пензионерите

    Мицкоски: Овозможивме подостоинствен живот за пензионерите

    02.07.2026 во 13:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека со политиките за зголемување на пензиите на Владата е овозможен подостоинствен живот за пензионерите споредено со тоа како било претходно.

    Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Неготино за тоа како го коментира растот на пензиите во последниот период истакна дека уште кога биле опозиција јасно ветиле дека ќе сторат се што можат во нивниот мандат за почеток да обезбедат линеарно зголемување од пет илјади денари за сите пензионери.

    – Ние отидовме чекор понапред, обезбедивме седум илјади денари линеарно зголемување – рече Мицкоски и додаде дека СДСМ и лица блиски до партијата се обиделе ова да го оспорат пред Уставниот суд и да ја испитаат уставноста на ова решение.

    – Но, она што за нас е важно е дека на голема група наши граѓани пензионери, со ова би рекол незначително линарно зголемување од седум илјади денари, во едно семејство во кое да речеме имаме двајца пензионери, тоа се 14 илјади денари плус, колку толку успеавме да го направиме подостоинствен нивниот живот, споредено со тоа како беше претходно – рече Мицкоски.

    Премиерот изјави дека порано пензиите се зголемувале по десет, 15, 20 денари, а сега, како што рече, со овие седум илјади денари по пензионер колку толку успеале малку да ги санираат предизвиците, со кои се соочува таа категорија граѓани.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.