Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спремајте потопла облека, следната недела температурите паѓаат
    • УХМР со најнови мерења во 20 часот – Погледнете каде е најладно а каде е најсвежо
    • Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата
    • Филипче: Зошто Мицкоски веднаш не кажа дека се потрошени 5,5 милиони евра, туку се обиде да го скрие тоа и кажа ‘нула денари’?
    • Мицкоски од Атлантскиот совет: Земјава ќе стане енергетска крстосница кон Централна Европа
    • Мицкоски од Атлантскиот совет: Имаме план и го остваруваме
    • Спречен терористички напад во Германија: Уапсен 24-годишник кој планирал масакр
    • Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски за Изборниот законик: Изминатите денови имавме конструктивна дебата, Коалицијата СДСМ и Левица во последен момент со амандмани го блокираат Законот

    Мицкоски за Изборниот законик: Изминатите денови имавме конструктивна дебата, Коалицијата СДСМ и Левица во последен момент со амандмани го блокираат Законот

    02.07.2026 во 13:164 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ во коалиција со Левица поднесоа 13 илјади амандмани со цел да го спречат гласањето на нашинците во дијаспората, плашејќи се дека ја немаат нивната доверба и ова е силна порака кон нашинците од дијаспората. Се надевам, конечно Коалицијата СДСМ – Левица ќе се осмелат, ќе ги остават своите политички мотиви, ќе се вратат во Парламентот, се уште има време и оваа реформа да ја испорачаме. Јас сум убеден дека политичките интереси ќе ги остават на страна и ќе ги стават како приоритет националните интереси, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на носењето на Изборниот законик.

    -Најпрвин, СДСМ кога беше Влада со својата катастрофа и катаклизма која што ја донесе во Македонија, мотивираше и избрка голем дел од нашите граѓани да си ја бараат својата среќа надвор од Македонија, а сега истите ги казнува по втор пат. Не им дозволува да учествуваат на легитимни, претседателски избори. Ако се плашат за парламентарните, еве ние им велиме за следните претседателски избори па натаму да и се даде можност на дијаспората да учествува по електронски пат. Не е точно изминатите деново што се зборува за примерот на Франција, можам да ви кажам многу примери кои што и ворегионот ги имамем аплицирано, кои што ги гледаме и кои што се случуваат, рече Мицкоски.

    Изминатите месеци имавме конструктивна дебата, во последен момен Левица одби да го потпише поднесокот, вели премиерот.

    -Она што ние го направивме изминатите месеци беше конструктивна дебата во рамките на Парламентот, онаму и каде што треба да се дебатира. И се беше готово, се беше завршено, се беше усогласено кога станува збор за Изборниот законик. Во последен момент политичката партија Левица одби да се потпише на поднесокот до парламентарците, односно одби да го потпише на Изборниот законик кој што тие го предлагаа, кој што тие го усогласуваа, а ние им прифаќавме се што сакаа, се што е во согласност со нормалното однесување, вклучително и парите за финансирање на кампања, нешто што им беше најбитно. Тоа им беше главен приоритет. Да имаат повеќе пари за кампања, се им прифативме и рекоа не, ова ние нема да го потпишеме, ви ветуваме нема да правиме филибастеринг со амандмани, вие изгласајте го, ние ќе бидеме воздржани, ссакајќи притоа да се претстават повторно лажно пред нивните поддржувачи, еве тие се ти кои што се принципиелни а сите остамнати се против нив, правејќи се жртва на тој начин, а во суштина 4 месеци заедно преговараа со сите пратенички групи и ова е порака до нивните гласачи: замислете да им дадете можност да управуваат со институции, замислете да им дадете можност тие да одлучуваат за вашата иднина, кога во очи ве лажат, ве гледаат во очи и ве лажат, а позади завеса нешто сосема друго прават, појасни Мицкоски и додаде:

    „Впрочем, се сеќавате на она сведочење на поранешниот претседател на владата Зоран Заев кога јасно кажа дека се обезбедувале ресурси за да Левица одземала гласови од ВМРО-ДПМНЕ на едни парламентарни избори, а потоа ако добиеле пратеници требало да бидат во Коалиција со СДСМ и да ја поддржуваат неговата Влада. Тогаш избега претседателот на Левица, а сега повторно бега. Затоа порака до сите оние кој што ја поддржуваат оваа политичка партија. Ако тие едно прават со месеци, за друго зборуваат, замислете да им дадете можност замислете што ќе прават и како ќе се однесуваат“.

    Нашата црвена линија е дијхаспората, вели Мицкоски.

    -Навистина жалам, нашата порака беше јасна: Кажете се, се ќе прифатиме, но наша црвена линија е гласањето на дијаспората, бидејќи дијаспората мора да се чуствува поврзана со својата татковина, затоа што наша цел како Влада е, еден ден таа дијаспора да си ја вратиме дома. Се надевам, конечно Коалицијата СДСМ – Левица ќе се осмелат, ќе ги остават своите политички мотиви, ќе се вратат во Парламентот, се уште има време и оваа реформа да ја испорачаме. Јас сум убеден дека политичките интереси ќе ги остават на страна и ќе ги стават како приоритет националните интереси, рече премиерот Мицксоки.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19

    Филипче: Зошто Мицкоски веднаш не кажа дека се потрошени 5,5 милиони евра, туку се обиде да го скрие тоа и кажа ‘нула денари’?

    17.09.2026 во 20:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.