Close Menu
Press24
    Најново

    Манасиевски: СДС и Левица го кочат изборниот закон и гласањето на дијаспората

    02.07.2026 во 11:08

    Божиновска од Приштина: Регионот мора да функционира како единствен енергетски систем

    02.07.2026 во 11:05

    Малолетнички и родителите на разговор во полиција по насилството во Аеродром – МВР со детали

    02.07.2026 во 11:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манасиевски: СДС и Левица го кочат изборниот закон и гласањето на дијаспората
    • Божиновска од Приштина: Регионот мора да функционира како единствен енергетски систем
    • Малолетнички и родителите на разговор во полиција по насилството во Аеродром – МВР со детали
    • Нови измени во царинската тарифа: Поддршка од странските инвеститори
    • ФОТО: Бесплатен камп за ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода
    • Драма во Македонија: Куче искаса 11-годишно дете
    • Пронајден проектил на паркирано возило – Македонската полиција го истражува случајот
    • Божиновска и Солстром: Нов импулс за енергетска соработка и инвестиции
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: СДС и Левица го кочат изборниот закон и гласањето на дијаспората

    Манасиевски: СДС и Левица го кочат изборниот закон и гласањето на дијаспората

    02.07.2026 во 11:082 Mins Read
    ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иако со месеци се работеше на консензус на сите политички партии за носење на нов Изборен законик, коалицијата на Венко Заев и Апасиев излезе повторно на виделина и со над 10 илјади амандмани здружено го блокираат реформскиот закон, односно Изборниот законик, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на партискиот портпарол Валентин Манасиевски.

    -Венко Заев и СДС свесни дека поддршката ја губат се повеќе и повеќе, директно се спротивставуваат за тоа македонската дијаспора да гласа по електронски пат, со единствена цел да го намалат оној убедлив пораз којшто им следува на следните парламентарни избори. Венко Заев се плаши од народот и сега, откако претходно го избрка народот од сопствената држава, денеска тој се противи истите тие луѓе кои си отидоа надвор од државата токму поради него и Зоран Заев, да гласаат по електронски пат. Затоа Венко Заев и СДС одат директно против македонската дијаспора и нејзиното гласачко право, вели Манасиевски.

    На прес-конференцијата Манасиевски истакна дека Апасиев и Левица алчни за пари, иако претходно им беа прифатени сите нивни барања да бидат внесени во новиот Изборен законик, се однесувале стриктно само на тоа да добијат што повеќе пари како политичка партија.

    -Апасиев и Левица сакајќи да глумат тврдокорни пред своето мало гласачко тело, рекоа дека нема да се потпишат за носење на новиот Изборен законик, а притоа ќе повториме дека сите нивни барања беа прифатени, а се однесуваа стриктно на поголема финансиска можност во делот на финансирање на нивните кампањи. Алармот се вклучи токму кога Венко Заев и Апасиев сфатија дека рејтинзите им одат надолу, па заеднички здружено поднесуваат десетици илјади амандмани, со цел да си создадат алиби за поразот на следните избори. ВМРО-ДПМНЕ и натаму стои со отворен предлог да ги повлечат амандманите, да поднесат амандмани за начинот на гласање и за начинот за поднесување на преговори, а тие да ја поддржат дијаспората да гласа по електронски пат на следните претседателски избори, со кои како држава ќе заштедиме огромна сума на пари, завршува тој.

    Just In Влада
    Прочитај повеќе

    Божиновска од Приштина: Регионот мора да функционира како единствен енергетски систем

    02.07.2026 во 11:05

    Малолетнички и родителите на разговор во полиција по насилството во Аеродром – МВР со детали

    02.07.2026 во 11:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.