Close Menu
Press24
    Најново

    Малолетнички и родителите на разговор во полиција по насилството во Аеродром – МВР со детали

    02.07.2026 во 11:03

    Нови измени во царинската тарифа: Поддршка од странските инвеститори

    02.07.2026 во 11:01

    ФОТО: Бесплатен камп за ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода

    02.07.2026 во 10:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Малолетнички и родителите на разговор во полиција по насилството во Аеродром – МВР со детали
    • Нови измени во царинската тарифа: Поддршка од странските инвеститори
    • ФОТО: Бесплатен камп за ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода
    • Драма во Македонија: Куче искаса 11-годишно дете
    • Пронајден проектил на паркирано возило – Македонската полиција го истражува случајот
    • Божиновска и Солстром: Нов импулс за енергетска соработка и инвестиции
    • Зајачката риба без мака прегризува конзерва
    • Тешка несреќа во Македонија: Возило се заби во бандера, повредени две деца
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Малолетнички и родителите на разговор во полиција по насилството во Аеродром – МВР со детали

    Малолетнички и родителите на разговор во полиција по насилството во Аеродром – МВР со детали

    02.07.2026 во 11:031 Min Read
    МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Полициска станица е извршен разговор со две малолетнички и нивни родители во врска со насилството во скопски Аеродром.

    Од МВР информираат дека на 01.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два наврати да клекне на колена и да се извинува.

    Потоа откако тргнала да си оди била физички нападната од друга малолетничка, а целиот чин бил снимен со мобилен телефон од повеќе малолетници кои биле присутни, а едниот од нив го познавала.

    Истиот ден во полициска станица бил извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители.

    Известен е јавен обвинител за малолетници и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа. Во врска со предметниот настан се преземаат активности за утврдување на идентитетот и на други инволвирани малолетни лица за целосно расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 и за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Нови измени во царинската тарифа: Поддршка од странските инвеститори

    02.07.2026 во 11:01

    ФОТО: Бесплатен камп за ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода

    02.07.2026 во 10:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.