Сопственик на возило во Тетово пријавил оштетување на неговиот автомобил, при што полициската истрага открила проектил од непознат калибар.
Според информациите од СВР Тетово, на 1 јули Е.Д. (48) од гостиварското село Равен пријавил дека на улицата „Јане Сандански“ во Тетово забележал оштетување на предниот дел од неговото паркирано возило „Рено Каптур“, а полициските екипи под возилото, на заштитната маска, пронашле и подигнале проектил од непознат калибар.
Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

