Close Menu
Press24
    Најново

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Познати кандидатите на ВРЕДИ за трите министерски позиции

    Познати кандидатите на ВРЕДИ за трите министерски позиции

    02.07.2026 во 09:092 Mins Read
    ВРЕДИ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По вчерашната седница на Претседателството на ВРЕДИ, донесена е одлука претставници на коалицијата во Владата да бидат личности кои носат нова енергија, одговорност и посветеност во служба на граѓаните. Ова го наведуваат од партијата, преку соопштение упатено до јавноста.

    -За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Џетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани, велат од ВРЕДИ.

    Во новиот владин состав продолжуваат да ги извршуваат своите функции Беким Сали како прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши како министер за економија и труд, како и Мухамет Хоџа како министер за животна средина и просторно планирање.

    -ВРЕДИ решително продолжува по патот на промените, носејќи нова енергија, професионални кадри и одговорен пристап кон владеењето. Со овој тим, ВРЕДИ повторно ја потврдува својата посветеност на реформите, развојот и достоинственото застапување на интересите на граѓаните, додаваат од партијата.

    Инаку, со реконструкцијата на Владата, Сашо Клековски ќе биде нов министер за здравство, додека Министерството за социјална политика ќе го преземе Ѓоко Велковски, кој во моментов ја извршува функцијата заменик-министер.

    На местото на Клековски во Фондот за здравство, за нов директор ќе биде назначен Златко Перински. Министер за локална самоуправа ќе биде Иван Стоилковиќ.

    Министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, ќе биде Ерџан Демир, кој до сега е претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во општина Шуто Оризари.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.