Во Секторот за внатрешни работи Струмица денеска свечено ќе бидат пуштени во употреба нови простории наменети за разговор со деца кои се во судир со законот.
На отворањето е најавено присуството на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој ќе има свое обраќање пред присутните.
Предвидено е на настанот да се обратат и амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, шефот на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал, како и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.
Проектот е реализиран во рамки на иницијативата „Шведска поддршка на полициските реформи во нашата држава“, чија цел е унапредување на условите и пристапот при постапување со деца кои доаѓаат во контакт со правосудниот систем.

