Close Menu
Press24
    Најново

    По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град

    02.07.2026 во 07:56

    Свечен прием во Амбасадата на САД во Скопје по повод 250-годишнината од независноста

    01.07.2026 во 23:52

    Дали морската вода навистина ја оштетува косата?

    01.07.2026 во 23:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град
    • Свечен прием во Амбасадата на САД во Скопје по повод 250-годишнината од независноста
    • Дали морската вода навистина ја оштетува косата?
    • Почна судењето: Богат бизнисмен нарачал убиство на новинарка на Малта пред 9 години
    • Трамп: Добро се согласуваме со Иран, тие се добри
    • Врховниот суд на САД ги пресече правата на трансродовите лица во спортот, се огласи и Меланија
    • Зеленски: Во интерес на ЕУ е Украина што поскоро да стане членка
    • Ѓорѓиевски: Состојбата во градот за рекордно кратко време се нормализира
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град

    По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град

    02.07.2026 во 07:561 Min Read
    ФОТО: Инфо сообраќај
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија и денеска ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса, која ќе донесе променливо облачно време со локални врнежи од дожд и грмежи.

    Според прогнозата, на повеќе места се очекуваат интензивни врнежи, при што локално може да наврнат повеќе од 15 литри дожд на квадратен метар. Невремето ќе биде проследено со силни грмежи, ветер што повремено ќе надминува 60 километри на час, а можно е и појава на град.

    Утринските температури ќе се движат меѓу 11 и 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 35 степени.

    И во Скопје се најавува нестабилно време со променлива облачност, повремен дожд, грмежи и засилен ветер. Во одделни делови од котлината постои можност за краткотрајно невреме со пообилни врнежи и град. Температурата ќе се движи од минимални 17 до максимални 32 степени.

    Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека слични временски услови ќе преовладуваат и утре, кога повторно се очекуваат локални невремиња со пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и можност за град.

    По завршувањето на овој нестабилен период, следува стабилизација на времето. Од петок се очекува претежно сончево и стабилно време, а во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Свечен прием во Амбасадата на САД во Скопје по повод 250-годишнината од независноста

    01.07.2026 во 23:52

    Ѓорѓиевски: Состојбата во градот за рекордно кратко време се нормализира

    01.07.2026 во 21:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.