Во Струмица денеска беше поставен камен-темелник за изградба на нов маркет од германскиот малопродажен синџир „Лидл“. Оваа инвестиција се очекува да донесе директна поддршка за пласманот на домашното земјоделско производство на странските пазари.
Министерот за транспорт, Александар Николоски, преку социјалните мрежи порача дека овој проект има стратешко значење за целиот струмички регион.
Според него, влезот на овој бренд значително ќе ја подобри целокупната деловна клима во државата.
„Со Лидл македонските земјоделски производи добиваат извоз на Европскиот пазар! Работењето на Лидл во Македонија ќе значи мапирање на државата, подобрување на бизнис климата, но и нови искуства во малопродажбата, најголем бенефит од инвестицијата на Лидл ќе имаат домашните земјоделци. Денеска се постави камен темелник за изградба на нов маркет на брендот Лидл во Струмица, ова е огромен проект за целиот струмички регион кадешто се произведуваат најубавите раноградинарски производи, кои преку ланецот маркети Лидл ќе се најдат на трпезите во Македонија, но и во целата Европа каде што овој бренд има свои маркети. Упатувам честитки за реализација на инвестицијата, до општина Струмица која силно го поддржува овој проект, и до Владата која останува посветена на поддршка на секоја инвестиција која влијае врз севкупната економија.“, напиша Николоски.

