Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Трамп: Ќе отвориме нова американска воена база во Полска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Кисела Вода: Преку капитални инвестиции го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните

    Мицкоски од Кисела Вода: Преку капитални инвестиции го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните

    01.07.2026 во 12:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на увид во градежните активности за уредување на речното корито и канал во општина Кисела Вода. Проектот се реализира со финансиски средства обезбедени директно од централниот буџет преку Министерството за животна среда и просторно планирање.

    Премиерот потенцираше дека оваа инвестиција е од витално значење за локалното население бидејќи трајно се решава долгогодишен безбедносен проблем со поплавување на околните домови.

    „Би сакал да истакнам дека можеби ова речно корито и овој канал навидум делуваат скромно, но во суштина се од огромно значење за жителите од овој дел на Градот Скопје и Кисела Вода, бидејќи на овој начин се прифаќаат сите оние води коишто во услови кога можат да надојдат тие прават многу големи проблеми на домовите на жителите на ова населено место и тоа се случувало во минатото. Затоа со овој проект ние практично го решаваме тој проблем за да повеќе не ни се случува.“

    Мицкоски упати честитки до општинската администрација, градоначалничката и советниците за успешното менаџирање на активностите на терен.

    Тој најави дека соработката меѓу извршната власт и локалните самоуправи продолжува со засилено темпо преку реализација на голем број проекти низ целата држава.

    „Најголемиот дел од тие проекти се во фаза на реализација, дел се веќе завршени, дел ќе отпочнуваат така што она коешто го започнавме кога бевме избрани како Влада еве продолжуваме да го реализираме и ценам дека на овој начин драматично го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните.“

    Според најавите, тековниот проект изнесува близу 60 милиони денари, додека веќе за следната недела е планиран почеток на нов инфраструктурен зафат со вредност од дополнителни 40 милиони денари.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.