Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Загинаа татко и син, голем пожар евакуираше село со 4.000 жители – Ужас во регионот

    Загинаа татко и син, голем пожар евакуираше село со 4.000 жители – Ужас во регионот

    01.07.2026 во 09:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шумски пожар кој брзо се прошири во близина на Солун однесе два човечки живота, соопштија локалните власти во северна Грција. Според првичните информации, во стихијата настрадале татко и син, додека мајката со повреди е итно пренесена во болница.

    Официјалните служби соопштија детали за пронајдените жртви во зафатениот регион.

    „Трагедија ја потресе северна Грција откако шумски пожар се прошири во близина на Солун и однесе два живота. Според властите, загинал 66-годишен маж, а во семејната куќа подоцна било пронајдено уште едно тело, за кое се верува дека е неговиот 12-годишен син.“

    Пожарот избувнал во вторник околу пладне во ниска вегетација кај Дервени, во општината Ореокастро, северозападно од Солун. Пламенот брзо се проширил кон селото Лити и блиската борова шума, додека силниот ветер дополнително ја отежнал борбата на пожарникарите. Поради опасноста, веднаш била активирана линијата за итни случаи 112.

    Грчките служби издале наредба за итна евакуација на селото Лити, кое брои околу 4.000 жители, а населението било префрлено на безбедно, кон локалниот спортски терен.

    Пожарникарите најпрво го пронашле 66-годишниот маж во дворот на неговата куќа, која се наоѓала на работ од шумскиот предел во близина на Лити. Неговата сопруга, мајка на исчезнатото дете, била повредена и пренесена во болница во Солун со повреди главно на рацете и не е во животна опасност. Подоцна властите го пронашле и второто тело во семејниот дом, а идентификацијата е во тек.

    Прочитај повеќе

    Спасена туристка на Халкидики, па доби казна од грчката крајбрежна стража

    17.08.2026 во 10:35

    Автобус со 84 патници излета од автопатот во Бугарија

    15.08.2026 во 11:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.