На Меѓународниот аеродром Скопје денеска ќе се одржи промоција на два нови уреди за напреден безбедносен преглед на кабински багаж со компјутерска томографија, како и две нови автоматизирани ленти, односно систем за враќање на корпите за преглед на рачен багаж.
На прес-конференцијата по повод промоцијата на опремата ќе се обратат Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија и Калтрина Зеколи Шаќири, заменик-министер за транспорт.

