Без електрична енергија денеска од 8:00 до 9:00 часот ќе бидат корисниците на ул. „1“ во општина Петровец.
Од 9:00 до 16:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има за корисниците на ул. „Стив Наумов“ (бр. 63а, 63б, 65, 69, 102а, 102б и 102в), ул. „Славе Георгиевски-Шнајдерот“ (бр. 1, 3, 5 и 7), дел од ул. „Тетовска“ и ул. „Јосиф Јосифовски-Свештарот“ (бр. 32, 34, 35, 35а, 36 и 37) во општина Центар.
Според РЦУК – Скопје, од 9:00 до 16:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците на улиците „Франклин Рузвелт“, „Дрезденска“ и „Рампо Левката“ во општина Карпош, додека од 10:00 до 14:00 часот прекин во снабдувањето ќе има за дел од ул. „Знеполе“ и околните улички во општина Ѓорче Петров.

