Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Трамп: Ќе отвориме нова американска воена база во Полска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски ќе биде новиот министер за здравство

    Клековски ќе биде новиот министер за здравство

    30.06.2026 во 18:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Директорот на ФЗО Саше Клековски ќе биде новиот министер за здравство, дознава Пресс24 од високи партиски извори.

    Претходно денеска претседател на Владата во интервју во емисијата „Директно“ на ТВ Телма вели дека реконструкцијата која што ја прави како мандатар на Владата на половина од мандатот, всушност значи нова енергија, посочувајќи дека денеска предлозите ќе ги образложи пред членовите на Извршниот комитет на партијата, а потоа истите ќе ги достави до Собранието и пратениците.

    „Јас веќе го коментирав принципот на оваа реконструкција, не секогаш треба да менуваме затоа што имаме помала испорака од очекуваната, но исто така секогаш можеме да бидеме подобри од тоа што сме. Тука немам никаква дилема. Понекогаш имаме и промена на приоритетите во рамките на самата коалициона влада и мислам дека оваа реконструкција е комбинација од сите овие столбови за кои што зборувам. Пред членовите на ИК ќе го образложам предлогот со кој што би излегол во парламент бидејќи таква е процедурата и праксата, како мандатар најпрво да се добие поддршка од страна на ИК на партијата за предлогот а потоа да излезам пред парламент и пратениците да го браниме. Така што од прилика тоа кое што ќе следи“, посочи Мицкоски.

    На прашањето кои ресори ќе ги добие ВМРО-ДПМНЕ, а кои ќе ги задржи, Мицкоски рече дека добиваат две министерства и тоа здравство и социјална политика, демографија и млади.

    „ВМРО-ДПМНЕ во оваа реконструкција ќе добие два ресори кои што до сега беа кај коалиционите партнери тоа ќе бидат, ресорот здравство, и ресорот социјална политика, демографија и млади. Коалициониот партнер ВРЕДИ ќе ги добие ресорите култура, министерството за односи со заедниците и ресорот правда. Министерството за земјоделство ќе оди во рацете на ЗНАМ, тие ќе добијат уште еден дополнителен заменик-министер откако ќе дојдат замениците на дневен ред, а тоа веќе на есен од септември“, одговори Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.