Close Menu
Press24
    Најново

    Министерство за здравство: Хируршките сали се во целосна функција, нема одложување на операциите

    30.06.2026 во 15:06

    УХМР со најнови мерења: Најтопло во Кавадарци, најсвежо во Лазарополе, еве каде наврна најмногу

    30.06.2026 во 15:05

    Куманово го укинува бесплатниот автобуски превоз, од утре се враќа редовната наплата

    30.06.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерство за здравство: Хируршките сали се во целосна функција, нема одложување на операциите
    • УХМР со најнови мерења: Најтопло во Кавадарци, најсвежо во Лазарополе, еве каде наврна најмногу
    • Куманово го укинува бесплатниот автобуски превоз, од утре се враќа редовната наплата
    • Пожар во Блаце: Изгоре викендица и помошна просторија, интервенираа скопските пожарникари
    • Паднаа девет дилери
    • Пороен дожд, грмежи и град ги зафати Скопје, Штип и Дебар
    • Инцидент во тетовско: Со остар предмет се заканувал на сопственик на локал и на неговиот син, полицијата го приведе
    • Се преврте автомобил кај скопскиот аеродром: Тешко повредени маж и жена, хоспитализирано и двегодишно дете
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерство за здравство: Хируршките сали се во целосна функција, нема одложување на операциите

    Министерство за здравство: Хируршките сали се во целосна функција, нема одложување на операциите

    30.06.2026 во 15:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сите хируршки сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во моментов се целосно функционални и оперативната програма се одвива непречено, соопштија од Министерството за здравство. Од ресорното министерство апелираат до јавноста и политичките субјекти да ги проверуваат информациите пред нивното споделување, со цел да се спречи ширење на паника и загриженост меѓу граѓаните.

    Официјалното соопштение доаѓа како директен демант и реакција на прес-конференцијата одржана од страна на опозицискиот СДСМ.

    „Од клиниките за торакална хирургија, кардиохирургија, урологија, детска хирургија, plasticна хирургија, дигестивна хирургија и ОРЛ информираат дека непречено ги третираат сите пациенти, вклучително и пациентите предвидени за елективни оперативни зафати. Во овие клиники нема одложување на оперативната програма. На Клиниката за ТОАРИЛУЦ во моментот се згрижуваат итните пациенти, согласно тековната организација на работата“, се вели во соопштението од Министерство за здравство.

    Здравствените власти потенцираат дека проблемот со ладењето е решен преку алтернативни капацитети кои овозможуваат непречена работа на медицинскиот персонал. Според најновите податоци, резервниот (back-up) систем за климатизација функционира стабилно и ги обезбедува сите соодветни услови за престој и третман на пациентите во клиниките.

    Дополнително, од министерството даваат појаснување и околу намалениот интензитет на работа кој е карактеристичен за овој период од годината.

    „Инаку, бројот на хируршки интервенции бележи намалување во летниот период, што е вообичаена појава и не е поврзана со состојбата на системот за климатизација“, појаснуваат од Министерството за здравство.

    Прочитај повеќе

    УХМР со најнови мерења: Најтопло во Кавадарци, најсвежо во Лазарополе, еве каде наврна најмногу

    30.06.2026 во 15:05

    Куманово го укинува бесплатниот автобуски превоз, од утре се враќа редовната наплата

    30.06.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.