Close Menu
Press24
    Најново

    Дојчиновски: Мицкоски организира настан зад затворени врати за создавање партиски сателити

    30.06.2026 во 12:09

    Пекол во 11 часот во Македонија: Живата на термометарот се искачи над 35 степени – еве каде е најжешко

    30.06.2026 во 11:59

    Уапсена професорка на Универзитетот во Штип: Земала 300 евра поткуп од студент за испит

    30.06.2026 во 11:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дојчиновски: Мицкоски организира настан зад затворени врати за создавање партиски сателити
    • Пекол во 11 часот во Македонија: Живата на термометарот се искачи над 35 степени – еве каде е најжешко
    • Уапсена професорка на Универзитетот во Штип: Земала 300 евра поткуп од студент за испит
    • Криза со гориво во Русија: Полицијата ги чува бензинските пумпи по нападите врз рафинериите
    • Системот „Безбеден град“ се проширува во Охрид: Велјановски вели дека бројот на сообраќајни жртви е намален за 40%
    • Манасиевски: На СДС и на Левица им пречи тоа што ВМРО-ДПМНЕ работи чесно
    • Младеновска: Сред лето не работат хируршките сали во Клиничкиот центар
    • Вонредна состојба во Романија: Пронајден руски дрон со експлозив
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дојчиновски: Мицкоски организира настан зад затворени врати за создавање партиски сателити

    Дојчиновски: Мицкоски организира настан зад затворени врати за создавање партиски сателити

    30.06.2026 во 12:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) денеска упати обвинувања до премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврдејќи дека тој стои зад организацијата на дебата најавена за утре, а која според нив има цел разединување на опозицискиот блок. Кристијан Дојчиновски од СДММ на прес-конференција истакна дека настанот се организира тајно.

    Според опозициската младинска организација, официјалната тема на утрешниот настан е политичкиот плурализам, но вистинската намера е политички инженеринг.

    „Утре во 12:05 часот, овде ќе се одржи настан за кој не се знае кој го организира, не се знае кои се учесниците и не се знае која е вистинската цел. Единствено што се знае е темата: „Политичкиот плурализам и состојбата на опозициското делување“. Во превод, тоа значи создавање на повеќе опозициски блокови по моделот на Вучиќ од Србија – разбивање на гласовите и збунување на граѓаните“, изјави Дојчиновски.

    Од СДММ тврдат дека дебатата намерно се води под правила за тајност со цел да се сокријат политичките мотиви кои, според нив, се поврзани и со странски влијанија.

    „Ова не е отворена дебата за иднината на Македонија. Ова е класичен начин на кој Христијан Мицкоски создава свои сателити, ЗНАМ, 2.0. Кога Мицкоски сака да направи нов политички проект за разбивање на опозициските гласови, тој не го делать тоа јавно. Тој собира луѓе без имиња, во сала без име, со организатор без име, и под странски правила за тајност, разговара за „иднината на државата“. Играчи кои треба да ја обликуваат судбината на Македонија според туѓи интереси – интереси на Христијан Мицкоски и агенди на други држави, како Русија и Кина“, додаде тој.

    Дојчиновски ја повика јавноста и сите демократски сили на обединување околу нивната политичка платформа, нагласувајќи дека европскиот пат останува единствена опција.

    „Единствената вистинска опозиција ќе биде обединета околу Фронтот за вистина и правда. Вратите на Фронтот се отворени за сите што сакаат демократско општество, без лаги и корупција. Општество што знае дека Европа нема алтернатива. Сè друго е проект на организирана криминална група, предводена од нејзиниот шеф, Христијан Мицкоски. Фронтот има име и презиме – Македонија и Европа. Тоа е лицето на иднината. Тоа се вика патриотизам“, заклучи претставникот на СДММ.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: На СДС и на Левица им пречи тоа што ВМРО-ДПМНЕ работи чесно

    30.06.2026 во 11:30

    Младеновска: Сред лето не работат хируршките сали во Клиничкиот центар

    30.06.2026 во 11:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.