Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: На СДС и на Левица им пречи тоа што ВМРО-ДПМНЕ работи чесно

    Манасиевски: На СДС и на Левица им пречи тоа што ВМРО-ДПМНЕ работи чесно

    30.06.2026 во 11:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозициските партии СДСМ и Левица здружено го блокираат донесувањето на Изборниот законик поради страв од ниските рејтинзи, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Според него, со ваквиот чекор директно се загрозува исполнувањето на обврските од европската Реформска агенда.

    Манасиевски појасни дека Изборниот законик со месеци се договарал и дека владејачката партија ги прифатила сите предлози на опозицијата, освен барањето за гласање на дијаспората.

    „Единствено нешто што побаравме е по електронски пат нашата дијаспората да може да гласа уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија ова наше барање, а денес истите го блокираат. Јавноста мора да знае, дека овој Закон е дел од Реформската агенда, и тој се носи со сугестии и забелешки од страна на ОБСЕ и ОДИХР“, изјави Манасиевски.

    Од владејачката партија упатија јавен повик до опозицијата за повлекување на спорните амандмани со цел законот да се донесе со консензус.

    „Упатуваме јасна порака до СДС и до Левица, да предложат амандмани со кои бараат корекција на начинот на заокружување и на поднесување на приговори и да ги повлечат другите амандмани и заедно, консезуално да го донесеме овој Изборен законик. Нашата дијаспора има право да учествува по електронски пат на следните претседателски избори, во време кога вештачката интелигенција има клучна улога“, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Тој потенцираше дека лидерите на СДСМ и Левица, Венко Филипче и Димитар Апасиев, преку оваа блокада се обидуваат да го сопрат повлекувањето на финансиски средства за државата.

    „Венко Филипче и Димитар Апасиев, со блокада на овој Закон, сакаат директно да и нанесат штета на Македонија во делот на исполнување на реформите од Реформската агенда, но и во повлекувањето на средства од Планот за раст. На СДС и на Левица им пречи тоа што ВМРО-ДПМНЕ работи чесно, одговорно и транспарентно. Им пречи што сме први во регионот во исполнување на реформи од Реформската агенда и во повлекување на финансиски средства од Планот за раст. Ние ќе продолжиме по тој пат, бидејќи тој пат е вистинскиот за Македонија“, заклучи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.