Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Младеновска: Сред лето не работат хируршките сали во Клиничкиот центар

    Младеновска: Сред лето не работат хируршките сали во Клиничкиот центар

    30.06.2026 во 11:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Хируршките сали во Клиничкиот центар се соочуваат со технички дефект поради кој се откажуваат однапред закажаните и помалку итни операции, алармираше денеска Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Таа обвини дека здравствениот систем е доведен до колапс.

    Според нејзините информации, во моментов се откажуваат оперативни зафати на неколку клучни клиники.

    „Откажани се операции на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. Ова е уште еден доказ за целосната негрижа и неспособност на оваа Влада и на Министерството за здравство, да обезбедат елементарни услови за функционирање на здравствениот систем“, изјави Младеновска.

    Таа потенцираше дека со оваа состојба директно се загрозува безбедноста на пациентите и се продолжува нивната неизвесност во процесот на лекување.

    „Кој гарантира дека одложувањата се безопасни, кој ќе сноси одговорност ако се случчат компликации поради чекање за операција? На една Влада, секој пациент треба да и биде важен. Здравјето и нечиј живот не смее да се третираат селективно“, додаде таа.

    Од опозициската партија ја обвинија власта дека парите од буџетот се трошат за нерелевантни ставки наместо за инвестиции во функционален здравствен систем, посочувајќи дека дефицитот е истрошен, а државата е дополнително задолжена.

    „Пациентите не смеат да бидат жртва на неспособноста, негрижата и лошото менаџирање на оваа криминална власт. Бараме итно санирање на дефектот и оспособување на хируршките сали за сите пациенти“, порача Младеновска.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.