Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • OnlyFans има само 47 вработени – лани направиле над 700 милиони долари профит
    • Трамп не послушал: Го предупредиле дека војната со Иран ќе биде голем проблем
    • Влен: Историски чекор за здравството во Тетово – 145 вработувања во клиничката болница
    • Не чека вистински пекол за продолжениот викенд – детална временска прогноза
    • Три хороскопски знаци што ќе имаат најмногу среќа во септември
    • Вучиќ: Кај да бегам, и затворот ми е поубав од туѓина
    • Гласно и радосно на ГАК: Викендов се родиле 32 бебиња
    • Андоновски: Ќе продолжиме да привлекуваме инвестиции – СДСМ ќе останат против развојот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вонредна состојба во Романија: Пронајден руски дрон со експлозив

    Вонредна состојба во Романија: Пронајден руски дрон со експлозив

    30.06.2026 во 11:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Романскиот град Тулча е ставен во состојба на тревога откако остатоци од дрон со експлозивно полнење беа пронајдени на поле во близина на селото Рашелу, во општина Лунчавица.

    Делот од дронот бил пронајден од локален жител во понеделникот, а уредот бил детониран рано утрово од страна на специјализиран тим експерти од Министерството за одбрана.

    Властите одлучиле да го детонираат дронот во контролирани услови на самото место, сметајќи дека е премногу ризично уредот да се поместува поради можноста од неконтролирана експлозија.

    Според првичните информации, најверојатно станува збор за руски дрон кој влегол во романскиот воздушен простор, а случајот веднаш го презеде Обвинителството при Апелациониот суд во Констанца.

    Жителот кој го пронашол сомнителниот предмет веднаш го алармирал системот за итни повици на бројот 112, по што следувала брза реакција на надлежните.

    „Специјализирани тимови на Министерството за национална одбрана и други институции од областа на националната безбедност и одбрана пристигнаа на местото на настанот и интервенираа според процедурите, проценувајќи ги ризиците и обезбедувајќи го периметарот“, се вели во официјалното соопштение на Министерството за национална одбрана.

    Прелиминарните резултати од истрагата покажуваат дека пронајдените делови потекнуваат од дрон што Руската Федерација го кориснела во нападите врз украинската пристанишна инфраструктура во април 2026 година.

    Официјалните податоци откриваат дека од почетокот на војната во Украина, регистрирани се над 100 напади врз цели лоцирани во близина на границата со Романија.

    Во овој контекст, досега се пријавени 29 неовластени упади на руски беспилотни летала во романскиот воздушен простор, а фрагменти се идентификувани на нивна територија во приближно 50 случаи.

    Само во текот на 2026 година, регистрирани се 33 напади во близина на границата, при што во 26 случаи биле кренати авиони на воздушната полиција за следење на воздушниот простор.

    Прочитај повеќе

    Трамп не послушал: Го предупредиле дека војната со Иран ќе биде голем проблем

    25.08.2026 во 20:27

    Вучиќ: Кај да бегам, и затворот ми е поубав од туѓина

    25.08.2026 во 20:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.