Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Трамп: Ќе отвориме нова американска воена база во Полска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Измени во Изборниот законик: Пратеникот Јаревски ги откри трите клучни столба на новиот процес

    Измени во Изборниот законик: Пратеникот Јаревски ги откри трите клучни столба на новиот процес

    30.06.2026 во 10:423 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски кој истакна дека измените на Изборниот законик се резултат на повеќемесечен процес кој започнал уште во март и се темели на три клучни столба. Тој истакна дека првиот столб на измените е имплементацијата на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, вториот е воведувањето електронско гласање за дијаспората, а третиот се однесува на финансирањето на политичките партии.

    Јаревски воедно појасни дека техничката влада нема да биде укината за следниот изборен циклус, туку измената ќе важи од наредните парламентарни избори, со цел да се избегнат различни толкувања во јавноста.

    „Најнапред техничката влада да не се навраќаме повторно не се укина, на следниот изборен циклус повторно ќе има техничка влада, се укинува од следните парламентарни избори чисто да нема забуни меѓу населението бидејќи тоа беше исто тема на различни толкувања, второ она што е многу важно да се укаже дека овој процес не започна сега пред недела или две, отпочнат уште од март со различен интензитет и динамика, но траеше цело време, на што се темели процесот, зошто го правевме овој Изборен законик три столба се: првото, имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР,  втората работа што е новитет сега со Изборниот законик е електронското гласање за дијаспората и третиот сегмент беше финансирањето на политичките политичките партии“, рече Јаревски.

    Осврнувајќи се на работата на Собранието, Јаревски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ги разгледа и обработи сите поднесени амандмани, без оглед на нивниот број. Упатувајќи критики кон СДС, пратеникот Јаревски изјави дека, според него, партијата никогаш не била подготвена да работи на голем број амандмани, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која, како што рече, е подготвена да ги разгледа сите предложени измени и истовремено остава простор за дополнителен политички дијалог.

    „СДС ниту на власт ниту во опозиција била спремна да одработи 10,000 амандмани, но за разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ и нашите коалициони партнери секогаш биле. На крајот на краиштата тоа ни е работа. Ќе си седнеме и 15,000 да бидат, ќе си ги одработиме. Собранието е во постојано заседавање, ќе разговараме за секој еден поединечно, но сепак мислам дека што и да биле причините за од она што веќе стигнале како точка на заемно разбирање или на консензус дека можеби треба да се даде простор за уште една дополнителна формална или неформална средба каде што доколку станува збор за финеси веќе за коишто се разликуваат, дека би можеле да бидат надминати, но ако треба да се сработи ќе ги сработиме“, вели Јаревски и додаде:

    „И овие одредби што се внатре во законикот се производ на разговорите коишто беа интензивни неколку месеци наназад. Не би сакал да бидам клише да кажам дека ради некој евтин политички ПР или некој сака да украде по некој политички поен и тоа е дел од политичкиот фолклор. Јас ќе останам фокусиран на она што ни е главна цел како држава, да прикажеме државност, да прикажеме одговорност и да најдеме заеднички јазик за еден закон да се претставиме пред право светло пред нашите западни партнери“.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.