Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Важна промена: Секој сам ќе одлучува за дарување органи со изјава кај матичен лекар

    Важна промена: Секој сам ќе одлучува за дарување органи со изјава кај матичен лекар

    30.06.2026 во 10:253 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието вчера одржа продолженија на три собраниски седници – 105, 106 и 108 на кои, пратениците изгласааа повеќе законски измени меѓу кои –  Законот за работно ангажирање на лица, Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, сите по скратена постапка.

    Во продлжението на 108. Седница Собранието со 58 гласа „за“ и шест „против“ го донесе изменувањето и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, по скратена постапка. 

    Министерот за здравство Азир Алиу, образложувајќи го законот рече дека има големо значење, нагласувајќи дека трансплантацијата не е само медицинска постапка, туку е живот, надеж и можност еден човек и по неговата смрт да продлжи да живее преку животот на некој друг. 

    -Измените кои денеска ги предлагаме не се само правни и административни, туку се една порака дека нашиот здравствен систем се гради врз достоинството на човекот, солидарноста и почитувањето на личнат волја. Со овој закон првично се проширува кругот на можни живи дарители на органи и се вклчуваат сродниците до четврто колено, но истовремено ги зајакнување и заштитните механизми и секој случај ќе биде предмет на проценка од Етичката комисија, која ќе ја утврди доброволната одлука и ќе гарантира дека нема притисок, злоупотреба или трговија со органи – изјави Алиу.

    Втора најзначајна промена, нагласи Алиу, е воведување на јасна и лична изјава на секој граѓанин за дарување на органи по својата смрт.

    -Од сега државата нема да претпоставува, туку граѓанинот сам ќе одлучи и ќе може да каже да, сакам по мојата смрт да помогнам некој друг да живее или не, тоа не е мој избор. Тоа е највисокиот степен на почитување на човечкото достоинсто и личната автономија на нашите граѓани – порача Алиу. 

    Пратеникот Илир Хасани од ДУИ, рече дека законот е многу значен за сите и треба да се поддржи, но нагласи дека проблем е изјавата за давање согласност и кој се може да ја види. 

    -Мислам дека треба требаше да се создаде терен за поддршка на овој закон. Јас како Илир не се чувствувам сигурен моето име Илир да го има на некоја листа за можна трансплантација, бидејќи, хипотетчки би бил таргет и можност за некој мене да ме искористи за давање или земање органи. За жал во оваа форма како што е напишан овој закон, јас нема да дадам поддршка – изјави Хасани.   

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.