Пороен дожд синоќа однесе редовен линиски автобус со возачот и тројца патници од патот во австриската долина Штанцертал.
Сите четири лица беа успешно спасени од страна на пожарникарите, додека возачот со повреди веднаш е пренесен во болница, објави heute.at.
Инцидентот се случил во понеделникот околу 20:20 часот, кога по обилните дождови дошло до неколку големи одронувања на камења и кал кои ги покриле државните патишта Б171 и Л68.
На делницата помеѓу местата Шнан и Флирш, надојдениот порој буквално го извадил од патот автобусот кој во тој момент се движел низ долината.
Водата и калта од потокот Хое Рифе на коловозот достигнале висина од околу 80 сантиметри и брзо навлегле во внатрешноста на возилото.
Припадниците на Доброволната противпожарна служба итно интервенирале на терен и од автобусот ги евакуирале 49-годишниот возач и тројцата патници.
Меѓу патниците биле 31-годишен маж од Иран, како и 39-годишна жена и 14-годишно девојче од Австрија, кои за среќа поминале без никакви повреди.
Возачот на автобусот со возило на брза помош е транспортиран во болницата во Замс со повреди чија сериозност засега не е утврдена.
Патиштата во овој дел од земјата останаа затворени во текот на ноќта, а во текот на денешниот ден е најавено користење на тешка механизација за целосно расчистување на наносите.
Gestern gab es den ersten von drei Unwettertagen.
— Manuel Oberhuber (@manu_oberhuber) June 30, 2026
Bei Schnann (T) wurde ein Bus von einer Mure mitgerissen.
Hagel gab es etwa im Raum Zwettl (NÖ).
Und in Vöcklabruck (OÖ) gab es neben 96 km/h Sturmböen auch Überflutungen im Stadtzentrum.
Dominik Mair, Wetter-Hausruckviertel pic.twitter.com/MeMquxWpXf

