Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: Протече вода во над 220 фонтани низ Скопје – Ѓорѓиевски најави и нови

    30.06.2026 во 09:45

    Пере Нокаут се прости од Јаневски: „Некои луѓе не мора да се наметнуваат за да остават трага”

    30.06.2026 во 09:35

    Народна банка: Поголема финансиска писменост за подобро управување со парите

    30.06.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Протече вода во над 220 фонтани низ Скопје – Ѓорѓиевски најави и нови
    • Пере Нокаут се прости од Јаневски: „Некои луѓе не мора да се наметнуваат за да остават трага”
    • Народна банка: Поголема финансиска писменост за подобро управување со парите
    • „Има нешто посилно од се” – Објавено кога ќе биде погребан Владо Јаневски
    • Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина
    • Жена касната од риба зајак на популарно грчко туристичко место каде летуваат многу Македонци
    • ФОТО: Српска пејачка почина ден пред својот 40. роденден – Трагедија во регионот
    • Дневен хороскоп: Напредок во работата кај Бикот, нови почетоци кај Лавот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Протече вода во над 220 фонтани низ Скопје – Ѓорѓиевски најави и нови

    ФОТО: Протече вода во над 220 фонтани низ Скопје – Ѓорѓиевски најави и нови

    30.06.2026 во 09:451 Min Read
    Орце Ѓорѓиевски - Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скопскиот градоначалник преку Фејсбук објава информираше дека преку 220 фонтани за пиење вода се ставени во функција низ Скопје.

    -Скопје мора да биде град кој мисли на своите граѓани, особено во летниот период, кога високите температури бараат основни услови за разладување, движење и нормално функционирање.

    Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фонтаните за пиење вода низ градот беа оставени надвор од функција.

    Она што требаше да биде секојдневна услуга за граѓаните, беше претворено во уште еден заборавен проблем.

    Тоа, го менуваме.

    Во координација со ЈП „Водовод и канализација“, ги мапиравме, сервисиравме и ставивме во функција повеќе од 220 фонтани за пиење вода, засега.

    Ова значи свежа вода за децата, за повозрасните граѓани, за спортистите, велосипедистите, рекреативците, работниците, туристите и за сите кои секојдневно се движат низ Скопје.

    Свесни сме дека потребите се уште поголеми.

    Затоа, паралелно работиме и на поставување нови фонтани на повеќе фреквентни локации низ градот.

    Ова е враќање на редот, грижата и функционалноста во градот.

    Скопје мора да биде чист, уреден, достапен и хуман град.

    ♥️ Продолжуваме со работа до секој детал, за секој граѓанин, напиша Орце Ѓорѓиевски.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Пере Нокаут се прости од Јаневски: „Некои луѓе не мора да се наметнуваат за да остават трага”

    30.06.2026 во 09:35

    Народна банка: Поголема финансиска писменост за подобро управување со парите

    30.06.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.