Close Menu
Press24
    Најново

    Пере Нокаут се прости од Јаневски: „Некои луѓе не мора да се наметнуваат за да остават трага”

    30.06.2026 во 09:35

    Народна банка: Поголема финансиска писменост за подобро управување со парите

    30.06.2026 во 09:32

    „Има нешто посилно од се” – Објавено кога ќе биде погребан Владо Јаневски

    30.06.2026 во 09:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пере Нокаут се прости од Јаневски: „Некои луѓе не мора да се наметнуваат за да остават трага”
    • Народна банка: Поголема финансиска писменост за подобро управување со парите
    • „Има нешто посилно од се” – Објавено кога ќе биде погребан Владо Јаневски
    • Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина
    • Жена касната од риба зајак на популарно грчко туристичко место каде летуваат многу Македонци
    • ФОТО: Српска пејачка почина ден пред својот 40. роденден – Трагедија во регионот
    • Дневен хороскоп: Напредок во работата кај Бикот, нови почетоци кај Лавот
    • ВРЕДИ: За 24 години власт Ахмети не направи канализација ни за своето родно место
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВРЕДИ: За 24 години власт Ахмети не направи канализација ни за своето родно место

    ВРЕДИ: За 24 години власт Ахмети не направи канализација ни за своето родно место

    30.06.2026 во 08:50Updated:30.06.2026 во 09:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Има една иронија што не може да се сокрие.Во 24 години власт, Али Ахмети не успеа да обезбеди канализација ниту за своето родно место, Зајас. Имаше власт, министри, директори, општини и милиони евра на располагање. Канализација немаше, се вели во соопштението од Вреди.

    Интегрален текст:

    Денес, кога документите излегуваат на виделина, станува појасно и зошто.

    Секој нов факт што излегува во јавноста сè повеќе ја руши маската на ДУИ. На Албанците им продаваа „каузи“, а зад затворени врати се договарале шеми, се вклучувале домашни компании и се вртеа милиони евра од европските фондови. Жителите чекаа канализација, а некој друг си ги чекал исплатите.

    Колку повеќе се одмотува клопчето, толку повеќе се отвораат прашањата. Кој ќарил? Кој ги внел компаниите во проектот? Кој молчел? И дали истрагата ќе стигне до секоја алка во овој синџир?

    Албанците заслужуваат да ја знаат вистината. Заслужуваат да знаат каде завршиле милионите, кој профитирал од проектот и зошто Зајас цели 24 години остана со септички јами наместо со канализациски систем.

    Зајас повеќе нема да биде заложник на ветувањата на ДУИ. Она што тие го оставија заглавено во кал 24 години, сега конечно се става на вистинскиот пат.

    ВЛЕН нема да дозволи ова прашање да се затрупа со прашина. Бараме истрагата да оди до крај. Да се отвори секој договор, секоја исплата, секоја компанија и секоја можна политичка, бизнис или семејна поврзаност.

    ДУИ зад себе остави долгови и сомнежи. Сега е време да понесе одговорност.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Пере Нокаут се прости од Јаневски: „Некои луѓе не мора да се наметнуваат за да остават трага”

    30.06.2026 во 09:35

    Народна банка: Поголема финансиска писменост за подобро управување со парите

    30.06.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.