Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич, денеска ќе престојува во официјална посета на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.
Во рамки на посетата, тој ќе оствари средба со министерот за одбрана Владо Мисајловски и со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Од Министерството за одбрана и Генералштабот информираат дека генералот Гринкевич, како командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), е одговорен за севкупното командување со операциите на Алијансата на стратегиско ниво, а своите должности ги извршува од седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа (SHAPE) во Монс, Белгија.
Според програмата на посетата, утре генералот Гринкевич, заедно со генерал-мајор Лафчиски, ќе ги посети припадниците на Армијата на настан што ќе се одржи во касарната „Илинден“ во Скопје.

