Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски до опозицијата: Повлечете ги блокадите за Изборниот законик, веднаш ќе ви прифатиме амандмани за приговорите

    29.06.2026 во 21:26

    Масакр во Германија: Шест лица загинаа во пукање во дом за млади

    29.06.2026 во 21:14

    Пекол и навечер во Македонија: Температурите на 30 степени во 20 часот

    29.06.2026 во 20:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски до опозицијата: Повлечете ги блокадите за Изборниот законик, веднаш ќе ви прифатиме амандмани за приговорите
    • Масакр во Германија: Шест лица загинаа во пукање во дом за млади
    • Пекол и навечер во Македонија: Температурите на 30 степени во 20 часот
    • СДСМ подготви 10.000 амандмани за Изборниот законик
    • Нафтата повторно поскапува
    • Државата исплаќа по 25.000 динари парична помош за над 300 илјади граѓани и деца, еве кој сè ќе добие пари
    • Почина маж на клупа во Оџаци, викал за помош но сите мислеле дека е пијан
    • По скратена постапка поминаа измените на Изборниот законик, се воведува електронско гласање за дијаспората
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски до опозицијата: Повлечете ги блокадите за Изборниот законик, веднаш ќе ви прифатиме амандмани за приговорите

    Мицкоски до опозицијата: Повлечете ги блокадите за Изборниот законик, веднаш ќе ви прифатиме амандмани за приговорите

    29.06.2026 во 21:262 Mins Read
    Мицкоски Христијан
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, преку објава на социјалните мрежи упати директна порака до СДСМ и нивните коалициски партнери во однос на блокадата на Изборниот законик, нудејќи им компромис за поднесените амандмани со цел законот да биде изгласан.

    Мицкоски реагираше дека опозицијата се обидува да закочи реформски процес кој претходно со месеци бил договаран меѓу политичките субјекти.

    „Истите тие кои ја крадеа, распродаваа и понижуваа Македонија, сега грчевито се борат да ја блокираат. Исплашени се дека, по декемврискиот извештај, сега и во јунскиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите од Западниот Балкан повторно ќе бидеме најдобри… Но, имам лоша вест за нив и нивните коалициони леви партнери: Македонија ќе ве победи вас и вашите блокади. Повторно ќе добиеме најмногу буџетски средства и повторно ќе добиеме најмногу отворени фондови за финансирање на проекти.“

    Премиерот појасни дека единственото барање од страна на мнозинството било овозможување на електронско гласање за иселениците, нешто што на почетокот било прифатено од сите страни.

    „Блокираат закон кој со месеци го договараа. Закон во кој им прифативме сѐ што предложија. Единственото нешто што побаравме е дијаспората да може да гласа по електронски пат уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија, а денес го блокираат и бараат бледи алиби-аргументи.“

    Тој излезе со конкретен предлог до пратениците од опозицијата за да се откочи работата во Собранието и да се изнајде заедничко решение.

    „Ајде вака: предложете амандмани со кои барате корекција на начинот на заокружување и поднесување приговори. Веднаш ќе ви ги прифатиме. Повлечете ги другите амандмани и да го изгласаме Изборниот законик.“

    На крајот, Мицкоски потенцираше дека дијаспората мора да го добие ова право во ера на напредна технологија и ги повика политичките конкуренти да покажат проевропско однесување на дело.

    „Нашата дијаспора има право да учествува по електронски пат на следните претседателски избори, во време кога во светот вештачката интелигенција ќе има клучна улога. Имате шанса овој пат вистински и суштински да бидете за европската иднина на Македонија, не со менување на Уставот, туку со реформи.“

    Прочитај повеќе

    СДСМ подготви 10.000 амандмани за Изборниот законик

    29.06.2026 во 20:48

    По скратена постапка поминаа измените на Изборниот законик, се воведува електронско гласање за дијаспората

    29.06.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.