Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за температурите измерени во 20 часот на територијата на целата држава.
Според мерењата, највисока температура во вечерните часови е регистрирана во Скопје на мерната станица Зајчев Рид, каде се измерени 33,9 степени. Веднаш зад главнот град е Штип со измерени 33,6 степени.
Високи температури во 20 часот се изнесени и во Кавадарци каде се измерени 32,8 степени, како и во Гевгелија со 31,1 и Струмица со 30,9 степени. На мерната станица во Тетово се регистрирани 30,7 степени.
Во Скопје-Петровец температурата изнесува 29,9 степени, додека во Демир Капија се измерени 29,6 степени. Слични вредности се забележани и во Виница (29,2), Прилеп (29,1), Велес (28,6) и Ѓуриште (28,5).
Посвежо е во останатите градови каде температурите паднаа под 28 степени, па така во Крива Паланка се измерени 27,7, во Берово 27,6, а во Битола 27,5 степени.
Најниски температури, очекувано, се регистрирани на планинските места и повисоките предели. На Попова Шапка се измерени 19,4 степени, во Лазарополе 20,6, во Маврови Анови 21,0, а во Крушево 22,2 степени.

